Меланија Трамп во Гучи фустан со принт од британските знаменитости

Првата дама на САД, Меланија Трамп, уште еднаш покажа многу стил одбирајќи соодветен фустан за посетата на Велика Британија.

Миди фустанот во кошула стил е од марката Гучи и изработен е од чиста свила. Најинтересниот детал на него е принтот кој ги претставува важните знаменитости на Велика Британија, како што се Tower Bridge и Парламентот.

Меланија овој фустан го носи во комбинација со зелен ремен од змијска кожа и чевли на висока потпетица во nude нијанса.

Yahoo Style забележа: Ако имате екстра £2,650 да потрошите, и вие може да го носите овој фустан како првата дама, благодарение на луксузниот сајт за шопинг на дизајнерска облека Farfetch.

 

 

x

Check Also

Меган Маркл ќе биде гостин-уредник во Вог

Интересна вест за фановите на британското кралско семејство и војвотката од Сасекс, ...