Меланија Трамп во Валентино сукња и на вртогалави потпетици сади дрвце

Гардеробата која Меланија Трамп ја одбра за ископување на дупка и засадување на дрвце во градината на Белата куќа, многумина ја оценија, со право, за тотално несоодветна.

За оваа прилика би требала да носи „кежуал“ или спортска облека, но првата дама на САД, напротив, одбра чевли со вртоглави потпетици од Кристијан Лубутен и цветна Валентино сукња од 4 илјади долари.

Уште поголема модна утка е тоа што Меланија, вообичаено не носи ваков тип на волуменозни здолништа, па изборот не е ниту соодветен за нејзиниот стил.

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...