Водителката Мелита Ракичевиќ вечерва ќе го промовира својот, како што таа го нарекува, фешн бренд.
Продавницата се наоѓа во Дебар Маало (дијаголнално од кафулето „Кала“), а за каква модна марка станува збор ќе се види на отворањето закажано за 20 часот.
Судејќи според фотографиите кои поранешната водителка ги постира на својата Фејсбук странa, односно според гардеробата во која се фотографира, нема да се изненадиме доколку во продавницата видиме луксузни парчиња „Луј Витон“, „Версаче“ и „Москино“. По која цена, и тоа останува непознато до вечер.