Менаџерот на Бритни Спирс: Бритни не треба да учествува веќе во ниеден перформанс

Кариерата на Бритни Спирс треба да биде завршена, или најмалку одложена на подолг период, објаснува менаџерот на популарната пејачка, Лери Рудолф, додавајќи дека пејачката не треба да учествува повеќе во ниеден перформанс.

Рудолф објаснува дека менталното здравје на Спирс се влошува и дека тој ги губи контактите со неа токму поради тоа.

-Не сакам да се врати на работа се додека не е навистина подготвена – физички и психички, а треба да и се врати и страста за нејзината работа која сега ја нема. Ако до тоа никогаш не дојде, тогаш најдобро е да ја прекине кариерата. Тука сум, за неа, ако добие желба повторно да работи, но ќе бидам искрен да и ја кажам вистинската работа која не треба да ја направи ако не е психички и физички здрава, додава Рудолф.

Бритни Спирс е на рехабилитација и поради тоа се откажани сите нејзини настапи.

-Апчињата не и делуваа. Минатото лето, кога сакаше да оди на турнеја, ми звонеше секој ден за да работиме, а сега веќе цел месец помина како воопшто не сум ја слушнал. Тоа за мене значи дека не сака да работи, вели Рудолф.

x

Check Also

Џулија Робертс во стилот на убава жена, речиси 30 години после филмот

Речиси 30 години од премиерата на филмот „Убава жена“, Џулија Робертс продолжува ...