Менопауза: Пет работи кои секоја жена треба да ги знае

Хормоните понекогаш навистина моат добро да не збунат! На пример, поради нив, нашата кожа има природен сјај и, благодарение на нив, нашите коски остануваат цврсти. Од друга страна пак, тие се главниот виновник за надуеност, ПМС, и кога ќе започнат да варираат поради менопаузата, тогаш тие можат да бидат причина за одредени непријатни симптоми.

Кога станува збор за самата менопауза, еве неколку работи што сигурно не сте ги знаеле.

Симптомите на менопауза може да се појават и до десет години пред да влезете во менопауза

Јајниците почнуваат да произведуваат помалку естроген две до десет години пред менструацијата целосно да престане. Овие флуктуации на хормоните можат да предизвикаат симптоми како што се ноќно потење и топли бранови.

Просек

Во просек, жената влегува во менопауза на возраст од 51 година.

Длабокото дишење може да помогне при топлите бранови

Длабокото, бавно дишење во времетраење од петнаесет минути (два пати на ден) може значително да ја намали појавата на топли бранови. Вежбањето исто така помага.

Вагинална сувост

Падот на естроген во вашето тело може да доведе до сувост на вагината и болка за време на сексуалниот однос. Сепак, овој проблем може да се реши со употреба на лубриканти или навлажнувачи, како и помали дози на вагинален естроген.

Зголемен ризик за срцеви болести

Откако жаната ќе влезе во менопауза се зголемува ризикот на срцеви заболувања. Тоа се должи на тоа што кога ќе дојде до загуба на естроген, доаѓа и до губење на неговите заштитни ефекти на срцето.

x

Check Also

Дали и после ова ќе влегуваме со чевли дома?

Ако се прашувате дали треба да ги соблечете чевлите пред врата или ...