Мери Петреска: Ослабнав 36 килограми за 1 година и 10 месеци, еве како

На 39-годишна возраст, со висина од 162 сантиметри, Мери Петреска имала 104 килограми и носела облека со конфекциски број 56. За една година и десет месеци успеала да стопи цели 36 килограми и да стигне до конфекцискиот број 38.  

Се сеќавам беше месец септември 2016 година, кога се погледнав во огледалото и се згрозив од себеси. Во тој период, поради болката за загубата на родителот, го занемарував високиот крвен притисок и неправилната работа на срцето. А кога почна да ми станува многу тешко, интернистот ме опомена дека срцето ми е во лоша состојба, потсетувајќи ме дека имам деца и дека ако вака продолжам, последиците можат да бидат и фатални. Тогаш сфатив дека е време да се борам за себе и за моето здравје,- се сеќава Мери на своите почетоци.

Мери Петреска

Од кога вишокот на килограми почна да ти пречи?

-Колку што можам да се сетам, тоа се случува целиот мој живот. По раѓањето на моето прво дете, па потоа второто, и ако погледнам наназад тоа е еден долг период од цели 22 години колкушто се борам и со килограмите и за своето здравје и убав изглед. Ги испробав сите можни диети со примена на капсули, таблетки, прашоци, шејкови, интернет диети, најнови апарати за слабеење во козметичките третмани, сѐ што ми беше понудено од корисници или пријатели, но сѐ беше без успех. Или, доколку имаше успех, килограмите брзо се враќаа. И така беше, сѐ додека најпосле не ја пронајдов  вистинската формула која ми овозможи видливи резултити и на диетен и на здравствен план, еве веќе речиси две години.

Дали сакаше да ослабнеш поради естетски или од здравствени причини?

-Својот успех, денес го должам на мојот идол, татко ми, кој заедно со мене се бореше да ја постигнам целта, пред сѐ поради моето здравје. Постојано ме потсетуваше дека храната е здравје. Кога тој почина, и покрај тоа што загубив 8 килограми за неполна година, набрзо ја зголемив тежината за дури 28 килограми! Се сеќавам беше месец септември 2016 година, кога се погледнав во огледалото, се згрозив од себеси. Во тој период, поради болката за загубата на родителот, го занемарував високиот крвен притисок и неправилната работа на срцето. А кога почна да ми станува многу тешко, интернистот ме опомена дека срцето ми е во лоша состојба, потсетувајќи ме дека имам деца и дека ако вака продолжам, последиците можат да бидат и фатални. Тогаш сфатив дека е време да се борам за себе и за моето здравје.

Зошто се одлучи да ја пробаш липосукциската исхрана?

-Колешката која знаеше дека долги години водам битка со вишокот на килограми ми ја препорача липосукциската исхрана. Почнав да истражувам за неа на Интернет пред да го купам првото „Липо“. Прво што ме привлече е што меѓу декларираните својства на производот немаше хемија. Тогаш ја донесов одлуката. Нарачав само еден пакет, за да пробам, тоа е половина доза. Успехот беше видлив за многу кусо време. Сепак, стравот дека ќе се соочам повторно со познатиот јо-јо ефект, постоеше. Го нарачав и вториот пакет за следните седум дена. Продолжив да се придржувам до сите насоки кои ми беа дадени во протоколот за исхрана. Почнав да се чувствувам многу подобро,а тоа го потврди и интернистот кој остана збунет пред зачудувачките резултати. На следната контрола, резултатите беа уште подобри. Крвниот притисок се регулираше, како и работата на срцето. И самиот интернист се заинтересира за методот кој го применувам, па истражувал за него, подоцна ми рече дека методот е потврден и од интернистите во Франција. Во меѓувреме, честите контроли стануваа сѐ поретки, односно од месечни се сведоа на четиримесечни.

Какво беше твоето искуство со „Интернешенал хелт“, што те советуваа?

-Тие беа постојано тука за мене, 24 часа, во секоја моја криза или во двоумење. Малку е да кажам колку сум им благодарна! Секој успех го споделував со нив, а тие пак, ми ги даваа правилните насоки на секој следен чекор. Средбата со доктор Кенан Мандра, иноваторот на липосукциската исхрана, ми ја врати самодовербата за да продолжам понатаму. И самиот тој веќе имаше постигнато неверојатен успех во намалувањето на телесната тежина, па тоа ми даде дополнителна сила да издржам. Денес, го и постигнав резултатите кои тој порано ги постигнал.

Ти беше ли тешко на почетокот да се адаптираш на новиот режим на исхрана?

-Не, бидејќи сите кои беа околу мене се прилагодија на мојата исхрана. При секој почеток, одлуката мора да биде поддржана пред сѐ од најблиските. А кај мене таа поддршка беше навистина голема.

Кои откажувања ти беа најтешки?

-Сите видови на тестенини, од пити до банички и бурек. Имав потреба и од слатки, но благодарение на чоколадото со стевиа и таа потреба можеше да се задоволи. Во првите 14 дена од протоколот ми фалеа и млечните производи. Оброците ги подготвував сама и внимавав на состојките, ги избегнував рестораните, а самоконтролата ми беше голема.

Како изгледаше твоето диетно мени?

-Во првите 14 дена до 20 часот конзумирав од пакетот „Липо“, а ако почувствував глад јадев краставица. Вечерата се состоеше од месо, јунешко, мисиркино, пилешко, риба, морски плодови и салата од краставица или марула, зелка, авокадо, брокула, спанаќ, рукола, тиквица, модар патлиџан. Во втората фаза, најчесто појадував разни видови на семиња – сончоглед, семки од тиква, ленено семе, орев, лешник, бадем, црно семе и др., со домашно подготвен кефир. Понекогаш појадокот се состоеше од препорачаното лепче подготвено по рецепт од протоколот, на база на семиња, без брашно, во комбинација со малку путер, сланина или јајца, домат, ајвар, кајмак. Појадокот толку заситува што немав потреба да ручам. Не чувствував глад сѐ до вечерата која беше најбогата и најубава. Некогаш вечерав и парче ребро, па и чварки, покрај месото од секаков вид и рибата. Најмногу уживав во салатите кои беа богати.

Кога ги почувствува првите резултати?

Верувале или не, веднаш. Во првите 48 часа од протоколот.

Со колку килограми го почна протоколот на липосукциска исхрана, а колку килограми успеа да симнеш и за колку време?

-На 39-годишна возраст, со висина од 162 сантиметри, достигнав 103-104 килограми. Со оглед на тоа што мојата вага не е дигитална, таа покажувала дури и четири килограми помалку. Кога тоа го дознав, уште повеќе се разочарав до кој степен сум се самоуништувала изминатите години. За 14 дена бев послаба за 9 килограми, а до крајот на протоколот симнав 13 килограми за еден месец. Во периодот на слабеење на секои три недели морав да си купам нови панталони. За 90 дена симнав 22 килограми, односно од конфекциски број 56, веќе бев со број 46. А најважно беше што кожата не ми „висеше“, иако не вежбав. Денес, по точно 1 година и 10 месеци, имам стопено вкупно 36 килограми, а носам облека со конфекциски број 38.

Дали по драстичната трансформација врати од килограмите?

Немав јо-јо ефекти долг период. Но имав периоди кога „скршнував“ од исхраната и си дозволував мал одмор, односно свесно си дозволував да додадам по два три килограми. Зашто бев свесна дека со еден третман повторно ќе изгубам и до 6 или 8 килограми.

Што советуваш од лично искуство, на оние кои сакаат да го пробаат липосукцискиот режим на исхрана?

-Верувам дека малкумина ќе одлучат јавно да го споделат своето искуство. Но мојот мотив е несебично да го споделам своето искуство со секого, за да им помогнам на сите кои имаат исто или случно искуство да го пронајдат вистинскиот начин до здраво намалување на килограмите и да го откријат здравиот режим на исхрана. И тоа без да почувствуваат глад.

Која ти е следната цел?

Сакам да го надминам успехот на доктор Кенан Мандра, односно сакам да стигнам до минус 45 килограми. Но, ако бидам задоволна и со вкупно 40 килограми помалку, тука би застанала. Сепак, во липосукциската исхрана, килограмите не се толку важни колку што е важно намалувањето на обемот. Килограмите веќе не ми се никаков проблем, задоволна сум од сопствениот изглед, па тоа што ќе го правам понатаму во однос на липосукциската ихрана е споделување на моето искуство со секој што сака да ме контактира. А, на оние кои до сега ме контактирале, поединечно или во група, сметам дека сум успеала да ги насочам кон вистинскиот пат и да им ја вратам самодовербата преку здравиот начин на исхрана. И среќна сум кога ќе ги видам нивните задоволни насмевки!

x

Check Also

Облоги од ѓумбир за слабеење и детоскикација

Познати се позитивните влијание на ѓумбирот врз здравјето и во процесот на ...