Мерилин Монро и Шанел 5 – легендарната традиција продолжува!

Прво иновација, потоа традиција. Секс-симболот Мерилин Монро, повторно се врати во новата кампања на марката Шанел 5.

monro 3

Мерилин Монро која во 1955 година се појави во рекламната кампања на парфемот Шанел 5, провокативна и со шишенцето парфем во раката, повторно се враќа на билбордите и во спотовите откако француската славна компанија одлучи да не потсети дека легендарната традиција никогаш не згаснала.

monro 2

Монро стана заштитно лице на Шанел 5 сосема случајно, после една нејзина изјава дека во кревет легнува само со неколку капки Шанел 5 на себе. Следуваше договор меѓу Монро и Шанел кој е запаметен како историски во модната индустрија.

 

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...