Месечен хороскоп: Што ги чека во октомври Јарците, Водолиите и Рибите

Во месецот октомври Јарците ќе си ја надокнадат енергијата која ја загубија во последниот период, а на сентиментално поле, конечно ќе можат да воздивнат и да уживаат во спокојните моменти со партнерот. За драгите Водолии, октомври не е воопшто лесен месец, но благодарение на Марс со сите проблеми ќе успеат добро да се соочат, додека Рипчињата ќе уживаат во љубовта и страстите, а ќе бидат пријатно изненадени од нова понуда за работа!

Јарец – Враќање на енергијата

Драги Јарци, месецот октомври за вас ќе биде месец на големо враќање на енергијата и силата, што на крајот ќе донесе да ги исполните зацртаните планови од минатото, кога за нив немавте сила. Но, сепак, мора уште малку да имате трпение, се до 9-ти октомври, кога Меркур ќе престане да биде неповолен за вашиот знак и ќе ви помогне да ги реализирате проектите, пред се на професионален план. Венера пак, ќе биде многу поволна во текот на целиот месец – така, пред вас е период на голем спокој на сентиментално поле, зајакнување на односите со партнерот и наоѓања на решенија за проблемите кои до неодамна ве мачеле.

Водолија – За среќа, тука е Марс

Октомври нема да биде многу лесен месец за вас, драги Водолии. Всушност, ќе мора да ги минете сите препреки на патот кои ќе ви ги поставуваат Меркур и Венера, и двете планети неповолни за вашиот знак. Пред се, ќе се соочите со потешкотии на работното место кои ќе ве мачат до 9-ти октомври, затоа, внимавајте што зборувате пред колегите кои ви љубоморат и премолчете пред обвинувањата на претпоставените! Венера пак, ќе ви постави пречки на сентиментален план и тие ќе траат целиот месец, ставајќи ги на виделина сите проблеми на вашата актуелна врска и форсирајќи ве на жестоки дискусии. За среќа, доаѓа планетата Марс за да ве спаси, оваа планета ќе ви помогне да ги надминете сите проблеми на најдобар можен начин, дарувајќи ве со многу сила и енергија која – и тоа како – ќе ви биде потребна.

Риби – Љубов и можности

Драги Рипчиња, колку е убав овој октомври за вас! Богат со емоции и можности! Планетите ќе бидат сите на вашата страна, подготвени да ве фаворизираат на секое поле. Може да сметате на една прекрасна Венера која ќе ви подари љубов и страсти во текот на целиот месец, отворајќи им бројни можности за нови средби на осамените Риби! Од 9-ти октомври, и Меркур ќе застане на ваша страна, па ќе добиете еден неочекуван предлог на деловно поле, можеби и ново работно место за кое не ни помислувате! На се ова, Марс ја поддржува вашата физичка форма – оние кои до сега имале проблеми со стресот и недостаток на енергија, отсега ќе блескаат од енергија и добро здравје!

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...