Месечен хороскоп: Што ги чека во октомври Овновите, Биковите и Близнаците

За Овните, месецот октомври ќе биде преоден период без посебни случувања, Близнаците пак, треба да ги искористат „во лет“ сите отворени врати (а бројни врати ќе им се отворат!), додек кутрите Бикчиња ќе мора да ги стегнат забите и да издржат…

Овен – Период на премин

Октомври за родените во знакот на Овен е еден период кој треба да послужи како премин од едно до друго ниво. Не е полн со изненадувања, ниту со предизвици, а и напразно би се труделе да истуркате набрзина некој проект во овој период. Тоа што треба да го направите е да размислите што сакате да правите во иднина, да се подготвите за новостите кои ќе следуваат во последните три месеци од 2018 година. Затоа, искористете го октомври за анализирање на минатите дела и за разработување на нови идеи. Почетокот на октомври, до 9-ти октомври, ќе биде малку потежок и ќе почувствувате застој во проектите кои се веќе почнати, како и недоразбирања во контактите со другите, на работното место или со партнерот. Тоа се дожи на опозициската поставеност на планетата Меркур. Но, вториот дел од месецот, ситуацијата ќе станува помирна. Марс, кој е на ваша страна, ќе ве снабдува со доволно енергија и добро здравје, па лесно ќе ги надминувате сите препреки на патот.

Бик – Лоши вести

За жал, за октомври, ѕвездите немаат добри вести за родените во знакот на Бик. Всушност, пред вас е еден месец полн со непријатни случувања со кои ќе мора да се соочите и да ги надминете. И тоа на сите фронтови! Но, вие сте добро познати по тоа дека знаете точно што сакате, па затоа од овие тешкотии кои ќе ви ги донесе октомври, ќе излезете уште посилни. Од 9-ти октомври ситуацијата ќе стане комплицирана особено на работен план, поради опозицијата на Меркур, кој ќе ви донесе бројни кочници и конфликти со претпоставените. За жал, неповолен е и Јупитер, кој исто така е во опозиција, па не можете да очекувате расплет со среќен крај. И Марс е неповолен, па оттука ќе се чувствувате уморни и без енергија. Стиснете ги забите и издржете до следниот месец!

Близнаци – Бројни прилики

За Близнаците октомври ќе биде позитивен месец во кој ќе се отворат нови можности! Важно е да ги отворите очите и да ги искористите приликите кои ви се нудат, без да се колебате или да одложувате, зашто повторно нема да се вратат. Особено првиот дел од октомври ќе донесе убави вести и задоволства, благодарение на прекрасната поставеност на Меркур. Меркур ќе ги фаворизира вашите контакти, најмногу на работното поле (особено до 9-ти октомври), но секако ќе ви подари и отворени врати на сентиментален план (особено, во вториот дел од месецот). Осамените Близнаци, ќе имаат можност да запознаат личност која ќе им стане повеќе од пријател или пак, некој стар пријател ќе им стане многу повеќе од тоа! И Марс е поволен, со тоа нема да имате никакви проблеми со здравјето, а ќе се чувствувате полни со енергија. Со ваква енергија лесно ќе може да ги истуркате сите поставени проекти, речиси и без да почувствувате напор. Не чекајте! Искористете ја позитивната енергија од ѕвездите и направете од октомври месец кој ќе го паметите по бројните прилики.

x

Check Also

Државна Лотарија го додели првиот МИНИ од инстант лозот МИНИ и МАКСИ

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен МИНИ и МАКСИ ...