Месечен хороскоп: Што ги чека во октомври Раковите, Лавовите и Девиците

Октомври ќе биде позитивен месец за Ракчињата, особено после 10-ти октомври кога ќе почнат да се отвораат нови врати и предизвици. Многу среќа во октомври ќе имаат Девиците, благодарение на три суперповолни планети – Меркур, Венера и Јупитер кои ќе им донесат успех на сите полиња! За жал, Лавчињата овој месец ќе мора да ги стегнат своите заби и да почекаат…

Рак – Позитивен месец

Драги Ракчиња, октомври е навистина многу позитивен месец за вашиот знак! Секако, не почнува „на големо“ и на најубав можен начин како што посакувате, пред се поради неповолниот Меркур кој ќе создава проблеми на работното место и во семејните односи, но така ќе биде до 9-ти октомври. Од 10-ти, ситуацијата ќе тргне нагло на подобрување, па се до крајот на месецот ќе се отвораат нови можности и предизвици. Очекувајте многу интересни новости и прекрасни вести после 20-ти октомври! На сентиментален план, нема од што да се грижите – Венера останува позитивна за да го поддржува вашиот знак, во текот на целиот месец. Врските кои се свежи, ќе станат многу постабилни, додека постарите врски ќе пронајдат нови начини да ја оживеат страста.

Лав – Каков стрес!

Знаеме, септември за вас беше прилично стресен месец, но за жал, работите нема да се подобрат ни во текот на овој месец. Тоа се должи на опозицијата на Марс кој дополнително ќе направи да се чувствувате заморно и без енергија да ги туркате работите, па се ќе оставате на случајностите. Особено на работното место ќе се соочите со нови нервози и сплетки од страна на колегите. Од 9-ти октомври, и Меркур станува неповолен за вашиот знак, па не очекувајте никакви подобрувања, туку нови сплетки и поголеми непријатности на работа. За жал, така ќе биде и на љубовен план, бидејќи и Венера ви го заврте грбот, создавајќи тензии со партнерот. Стрес и само стрес на сите полиња! Обидете се да не влегувате во дискусии и кавги! Стегнете ги забите и почекајте да помине месецот.

Девица – Спокојност и страст

Есента му донесе на вашиот знак многу спокојност и мир. Конечно, а тоа и го заслуживте! Месецот октомври ќе продолжи во позитивна насока, особено на љубовно поле, за кое ќе се погрижи планетата Венара. Венера ќе ве награди со голема љубов, без разлика дали станува збор за стара и заборавена љубов која ќе се врати, или за сосема нова љубовна приказна. Осамените Девици пак, во октомври, особено во втората половина на месецот, ќе добијат можност да си ја најдат својата сродна душа. Секако, нема нималку да ви недостига страст и силни емоции. И на работно поле пристигнуваат убави вести и задоволства, особено после 9-ти октомври, кога Меркур ќе почне да ги фаворизира вашите односи со претпоставените и колегите. Не заборавајте дека ја имате и поддршката од планетата на среќата Јупитер, подготвена да ви подари успех на долг период!

x

Check Also

Кара Дел Торо позира во костими за капење од летната колекција на YAMAMAY

Со спонтана фотосесија направена на италијанското крајбрежје, моделот Кара Дел Торо ги ...