Месечен хороскоп: Што ги чека во октомври Вагите, Шкорпиите и Стрелците

Шкорпиите се миленички на ѕвездите во месецот октомври, па за нив сите врати ќе бидат отворени на сите полиња! Вагите ќе искусат одличен професионален напредок, а многумина од нив може да променат и работно место. За Стрелците пак, октомври е месец на подготовки и размислување за иднината..

Вага -Професионален напредок

Драги Вагички, октомври започнува на „големо“ за вас со Меркур во конјукција, се до 9-ти октомври, подготвен да ви подари успеси на работното место, да ви ги отвори вратите за нови деловни контакти и да ви осигура деловни прилики кои ви се потребни. Искористете го до максимум првиот дел од месецот особено доколку сакате да започнете нова работа, бизнис или да лансирате нов проект. Исто важи за и за оние кои сакаат да променат работно место, сега ќе имаат супер прилика за тоа! По 10-ти октомври, Марс ќе застане на ваша страна и ќе ви даде голема енергија, за со леснотија да ги извршувате работните задачи, но ќе ви подари и одлично здравје. На сентиментален план, за жал, нема да оди се од рака, или барем онака како вие посакувате. Подгответе се на компромиси и сослушајте го партнерот. Осамените пак, ќе мора да почекаат уште малку…

Шкорпија – Фаворит на ѕвездите!

Во вашиот знак во октомври ќе бидат дури три среќни планети – Јупитер, Венера и Меркур, па воопшто нема да ви недостигаат убави вести на полето на љубовта и на работен план. Па, драги Шкорпии, подгответе се за месец полн со емоции и нови предизвици, една поубава од друга! Почнувајќи од 9-ти октомври, сите планети ќе бидат подготвени да ве фаворизираат во секоја ситуација. Од професионална гледна точка, ќе успеете да ги постигнете сите цели кои ви биле зацртани, па дури и ќе остварите по некоја нова поставена цел, која како вистински бонус за вас ќе се појави во втората половина на месецот.И на сентиментално поле ќе се случат големи емотивни (пријатни) потреси. Пред осамените Шкорпии е средба која може да се нарече судбинска! Оние пак, кој се во пар, ќе бидат пред предизвикот на издигнување на врската на повисоко, постабилно, ниво, а многумина ќе одлучат да скокнат во брачните води.

Стрелец – Време за преиспитување

Месецот октомври за вас, драги Стрелци, нема да биде незаборавен, но нема да биде ниту лош. Ѕвездите ве советуваат да размислите подобро за вашите планови за иднина, за тоа – кои се вашите желби и потреби, и на емотивен и на работен план. Затоа, за вас подготвија мирен месец во кој би можеле малку да се осамите и да се преиспитате. Марс ќе застане на ваша страна и ќе ви дада многу енергија која пак, ќе ви овозможи јасно да ги согледате работите внатре во вас. И Меркур ќе биде на ваша страна се до 9-ти октомври, носејќи ви нови деловни средби и значајни деловни можности. На сентиментално поле, се ќе биде мирно, зашто ѕвездите сакаат да ве подготват за еден жесток ноември.

x

Check Also

Чевлите со квадратна форма се хит за есен/зима 2019

Италијанската луксузна модна марка Bottega Veneta прва го започна трендот на чевли ...