Месечен хороскоп за април: Топ знаци на месецот – Близнаци, Овен и Водолија

Во месецот април планетата Венера ќе проестојува во знакот на Близнаци: многу среќа во љубовта е загарантирана за Близнаците, Вагите и Водолиите! А вие, во кој знак сте родени?  Откријте со нас што ви подготвија ѕвездите за месец април!

Овен: месец на голема сила!
Драги Овни, во април сонцето сјае во вашиот знак и пролетта е подготвена да ја разбуди вашата психо-физичка енергија и да ве направи посилни од кога и да било! Планетата Венера ќе биде поволна во текот на целиот месец: ќе има и љубов и страст, додека за осамените ќе биде навистина среќно време да се  вљубат. Меркур од 12ти април ќе ви донесе добра вест и на работното место, додека Марс ќе биде подготвен да ве направи повеќе борбени и способни да го дадете најдоброто од вас.

Бик: чекајќи го Меркур 
Ако во март можевте да сметате на раскошната Венера што ви донесе бесконечна љубов, месецот април може да изгледа помалку возбудлив и помалку полн со емоции: мирен месец.  Сепак, пламенот ќе биде помал, но нема да престане да гори, а многумина од вас ќе видат дека нивната врска станува се посилна. На крајот на месецот, згора на тоа, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак, со што ќе ви донесе некои добри вести кои само ќе ги најават фантастичните изненадувања кои ќе пристигнат во месец мај, вашиот месец! Марс е во неповолна позиција и ќе ви носи малку повеќе умор.

Близнаци: еден месец полн со љубов!
Драги Близнаци, месец април за вашиот знак ќе биде месец на љубовта! Планетата Венера ќе биде со вас од 4-от ден и со вас ќе остане долго време: оние кои во последниот период доживеале моменти на криза или збунетост, конечно ќе можат да најдат спокојство со партнерот, како и во срцето. Изгубената ведрина ќе се врати. На работа пак, може да има некои непријатности во првиот дел од месецот, како резултат на Меркур во неповолна позиција: но подобро ќе биде од 12ти. Поволниот Марс ви дава сила и енергија.

Рак: обновување на енергијата!
Април ќе биде помалку тежок од месецот март за вашиот знак: Марс и Сатурн конечно го напуштаат знакот на Јарец и повеќе нема да бидат во опозиција. Полека ќе се враќате во колосек, бавно, но важно е закрепнувањето,  и физичко и психичко. Полека ќе наоѓате и ведрина. Неколку удари од деловна гледна точка може да се појават од 12ти , кога Меркур ќе заземе неповолна позиција. Доколку треба да се залагате за нови проекти или за ново работно место, подобро е да дејствувате од 28-от ден.

Лав: Стресен месец
Месецот април конечно ќе донесе одредена ведрина во вашиот љубовен живот. Венера ќе се врати да ве поддржи од 4-от ден: планетата на љубовта е подготвена да понуди помирување, дијалог и разбирање. Од 12ти, планетата Меркур, исто така, ќе дејствува во ваша корист, помагајќи ви да се наметнете на работното место. Може да добиете промоција или признание, но цената што треба да ја платите ќе биде -заморот. За жал, спротивставувањето на Марс и она на Сатурн ќе ви предизвика многу стрес.

Девица: Неповолен Меркур
Месец април ќе биде малку потежок за вашиот знак на сентиментално поле. Венера е во неповолна позиција и ќе го комплицира дијалогот во врската. Кавгите ќе станат вообичаени и секојдневни, особено во првиот дел од месецот. До 12ти, згора на тоа, ќе мора да се справите со спротивставување на Меркур, што ризикува да предизвика некоја дополнителна дискусија дури и на работа, и ќе ви донесе голем товар и стрес. За среќа, во втората половина на април ќе можете да најдете малку повеќе спокојство.

Вага: Сатурн ви дава одмор!
Планетата Сатурн реши да ви понуди примирје од овој месец до месецот јули. Сигурно ќе се чувствувате полесни. На работното место конечно некои комплицирани ситуации може да се решат. Пазете се, сепак, од спротивставувањето на Меркур помеѓу 12ти и 28ми, кога можеби ќе имате непријатен разговор со шефовите или колегите. Поволниот Марс ви дава сила и енергија што ви е потребна за да бидете победник! Љубовта ќе ви се насмее и во април, благодарение на убавата Венера подготвена да ја поддржи и зајакне вашата врска.

Шкорпија: битката заврши!
Конечно, месец април ќе ви донесе насмевка! Почнувајќи од 4-от ден, планетата Венера веќе нема да биде во опозиција и сентименталната криза што ја имавте во март ќе испари со доаѓањето на пролетта. Паровите кои успеале да се спротивстават на искушението сега ќе бидат повљубени и посложни од кога и да било! Ако пак, наместо тоа, сега сте сингл, ќе го имате целото време и ведрина што ви е потребно за да започнете одново. Неповолниот Марс ќе ве тера да се чувствувате малку уморни, како после битка. На крајот, сепак, ќе бидете победник!

Стрелец: комплициран месец 
Драги Стрелци, месецот април нема да биде лесен за вашиот знак. Ќе треба да се справите со спротивставувањето на планетата Венера. Тоа значи дека на љубовен план ве чека тежок период: ако веќе сте во кризна ситуација, можете дури и да решите да ја прекинете врската. Ако вашата врска е доволно силна, ќе бидете посилни од кога и да било на крајот на април! Од работна гледна точка, ќе бидете фаворизирани особено во втората половина на месецот, кога ќе можете да сметате на Меркур од ваша страна кој, заедно со Марс, ќе ви ги дадат потребните успеси и енергија.

Јарец: ќе се видиме наскоро, Сатурн!
Уште кон крајот на март, планетата Сатурн веќе не е во вашиот знак, а тоа би можело да доведе до мало запирање на вашиот раст во оваа 2020 година. Сонцето и Меркур се во неповолна позиција и ризикуваат да создадат забавувања, особено на работното место. Запомнете, сепак, дека ја имате силата на Јупитер кој е од ваша страна: на долг рок победата ќе биде ваша! Обидете се да го искористите максимумот од првиот дел од месецот за да продолжите со своите проекти или да дадете нови предлози. Во љубовта ќе има малку здодевност, но смиреност.

Водолија: добредојде, Сатурн!
Планетата Сатурн влезе во вашиот знак од крајот на март и ќе остане таму до месец јули. Ефектот сигурно ќе биде од корист за вас, затоа што ќе ве одведе кон личното исполнување, правејќи да стекнете поголема самодоверба. Ќе има многу можности да се потврдите, особено во втората половина на месецот, кога ќе го имате и Меркур од ваша страна. Венера ќе се врати да ви се насмевне веќе од 4-от ден: сентименталната криза што го карактеризираше вашиот месец март конечно ќе заврши. Марс во знакот ве прави поенергични од кога и да било!

Риби: неповолна Венера 
Драги Риби, вашиот месец април, за жал, ќе се карактеризира со неповолна Венера, што веројатно ќе донесе некои проблеми во вашиот живот во двојка. Дискусиите може да бидат особено загреани во втората половина на месецот. На работа, од друга страна, добрата вест е на пат: до 12-ти може да сметате на Меркур подготвен да ви ги даде сите можности што ви требаат за да се потврдите, а ќе ви донесе и вистинските контакти за да ги завршите успешно вашите проекти. Од 12ти пак,  сепак, може да има забавување.

x

Check Also

Неделен хороскоп (1ви до 7ми јуни): Топ знаци на неделата – Бик, Вага и Шкорпија

Оваа недела, во знакот на Стрелец, ќе заблеска прекрасна полна месечина, подготвена ...