МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА АВГУСТ: Многу љубов за водните знаци, незаборавен за Лавовите

Во август планетата Венера ќе го напушти знакот на Близнаци и ќе влезе во Рак, носејќи многу среќа во љубовта на сите водни знаци. А вие во кој знак сте родени? Откријте сега со нас што ви резервираа ѕвездите за месец август!

Овен: мачен месец
Вашиот месец август ќе биде малку измачен од гледна точка на чувствата. По подолг престој во знакот на Близнаци, Венера влегува во Рак: тоа е транзит кој не е поволен за вашиот знак, што ризикува да донесе тензии меѓу вас и вашиот партнер. Сепак, подобро ќе биде од професионална гледна точка: почнувајќи од 6. ден, планетата Меркур ќе се врати да дејствува во ваша корист, давајќи ви нови контакти и нови стимули. Физичкото здравје и сила ќе бидат обезбедени со прекрасниот Марс кој е на ваша страна!

Бик: многу страст!
Дали сте подготвени да доживеете месец полн со страст? Почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера ќе дејствува во ваша корист, давајќи ви многу убави емоции. За оние кои се „сингл“ обезбедени се средби и врски наменети да траат далеку повеќе од летото… Од професионална гледна точка може да има мало задоцнување, барем до 21 ден, кога планетата Меркур ќе ја направи комуникацијата со претпоставените и колегите покомплицирана. Сепак, од крајот на месецот, ќе можете да закрепнете: со Јупитер и Сатурн на ваша страна, долгорочниот успех ќе биде ваш!

Близнаци: повеќе свесни!
Драги Близнаци, овој месец – почнувајќи од 8-ми ден – планетата Венера ќе го напушти вашиот знак по долг престој. Во овој момент, треба да имате многу појасни идеи во однос на полето на чувствата: за подобро или за полошо, сигурно сте повеќе свесни за себе и, во овој месец август, ќе го докажете тоа, покажувајќи зрелост што дури и ќе го зачуди вашиот партнер! Поволната Меркур до 21 ден ќе ви помогне да изградите нови врски, како на љубовен план, така и професионални. Марс ви гарантира добро здравје и фит форма.

Рак: добредојде, Венера!
Со август ќе управува планетата Венера, која – почнувајќи од 8-ми ден – ќе заблеска во вашиот знак, давајќи ви еден месец полн со љубов и страст! Паровите кои веќе некое време се заедно, ќе откријат ново разбирање и ќе направат планови за иднината, додека осамените би можеле да имаат средби што ќе бидат наменети да траат. Меркур, ќе биде со вас до 6-ти ден, а потоа пак ќе се се врати да ве насмевне на деловно поле, почнувајќи од 21 ден. Ќе ви донесе нови можности и добри вести од далеку. Марс е во неповолна позиција, за жал, ќе прави да се чувствувате поуморни.

Лав: полни со енергија!
Месецот август ќе се карактеризира со влијанието на планетата на комуниациите, Меркур: почнувајќи од 8-ми ден, оваа планета ќе ви даде дополнителна поддршка во меѓучовечките односи, правејќи ве навистина неодоливи! Ќе можете да ја искористите оваа своја способност и на љубовно и на професионалното поле, секогаш да бидете харизматични и супер убедливи. Покрај тоа, поволниот Марс е подготвен да ве направи уште поенергични од кога било. Ова ќе биде лето полно со позитивни енергии, во кое ќе се опорави прилично комплициран почеток на годината.

Девица: смиреноста се враќа!
Конечно, месец август носи малку спокојство во вашиот љубовен живот! По неколку месеци со Венера во неповолна позиција за вашиот знак, почнувајќи од 8-ми, планетата на љубовта ќе се врати на ваша страна, помагајќи ви да ги решите проблемите со вашиот партнер, но ќе се реализираат и нови средби. Понатаму, почнувајќи од 21 ден, дури и во професионалната сфера, ќе дојдат големи задоволства: Меркур ќе ви ги даде можностите што ги баравте, додека Јупитер ќе го обезбеди вашиот успех на долг рок.

Вага: дајте си малку опуштеност!
Драги Ваги, месецот август – за жал – нема да ви биде лесен за вашиот знак од гледна точка на чувствата: почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера ќе влезе во знакот на Рак, донесувајќи тензии и кавги во вашиот живот.  За осамените ќе биде тешко да се реализираат средби и состаноци што надминуваат едноставното летно флертување… Марс во опозиција, згора на тоа, ќе ве натера да се чувствувате прилично уморни и под стрес. За среќа, може да има некои добри можности на работното место во првиот дел од месецот… за остатокот, дозволете си релаксација!

Шкорпија: топол месец!
Август ќе биде дефинитивно жежок за вашиот знак кој – почнувајќи од 8-ми ден – ќе може да смета на раскошната Венера во Рак, подготвена да ја разбуди во вас желбата за љубов и многу страст! Без разлика дали станува збор за летен флерт или приказна која е наменета да трае, не е важно: задоволствата сигурно нема да изостанат во овој жежок август. Бидете внимателни, сепак, да не направите опасни избори на работното место, барем до 21 ден: нешто може да не оди како што сте планирале…

Стрелец: воздишка на олеснување!
Драги Стрелци, конечно можете да земете воздишка: почнувајќи од 8-ми ден, по долгите месеци измачувања, Венера нема да биде во опозиција со вашиот знак! Сега можете да најдете мир и тишина. Паровите кои успеале да одолеат на овој долг тежок транзит ќе бидат посилни од кога било. Ако, од друга страна, повторно сте „сингл“, сигурно ќе има интересни средби, особено во првата половина од месецот. Поволниот Марс ви дава енергија,сила и добро здравје.

Јарец: Венера во опозиција
За жал месецот август не носи добри вести за вашето срце… Почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера ќе се спротивстави на вашиот знак! Ќе има доста напнати недели помеѓу вас и вашиот партнер, каде ризикот од разделба ќе биде на агендата… Но, има и добри вести, а се однесуваат на професионалната сфера: почнувајќи од 6 ден, планетата Меркур нема веќе да биде во опозиција со вашиот знак и од 21 ден ќе се врати да ве поддржи активно: ве чека втора половина од годината полна со успех!

Водолија: бидете трпеливи
Месецот август за вашиот знак најверојатно ќе биде рамнодушен од сентименталната гледна точка… Ќе ви недостасуваат толку важните емоции и вројатно ќе се чувствувате малку збунети. За жал, почнувајќи од 6 ден, планетата Меркур ќе се спротивстави на вашиот знак, а тоа ќе ризикува да создаде уште некои потешкотии во комуникацијата, како во семејството така и на работното место. Марс во Овен, исто така, ризикува да ве натера да останете често без енергија… Бидете трпеливи: од 21 ден ситуацијата ќе се подобри значително!

Риби: лето на љубовта!
Драги Риби, одлична вест за вашиот знак, кој ќе живее еден месец  во име на страста и чувствата! Конечно, почнувајќи од 8-ми ден, планетата Венера веќе нема да биде неповолна, и – после неколку месеци – ќе се врати да ви се насмевне, ќе ви даде месец полн со емоции и средби, особено фаворизирани во првиот дел од август. За жал, почнувајќи од 21 ден, планетата Меркур ќе ви се спротивстави: може да се појават недоразбирања, особено во контекст на работата, но ништо што не може да се реши!

x

Check Also

Вистински кујнски помошник – колку минути заштедува машината за садови?

Сите сакаме да имаме повеќе слободно време за семејството и најблиските пријатели, ...