Месечен хороскоп за АВГУСТ: Топ знаци на месецот – Лав, Девица и Овен

Август им носи многу радости на сите огнени знаци. „Жешки“ годишни одмори, полни со страст и љубов, ќе имаат Лавовите, Овните и Стрелците. Ѕвездите резервираа големи изненадувања и за Девиците, додека малку макички на љубовен план ќе имаат Водолиите…А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го месечниот хороскоп за август, 2019.

Овен – Август во знак на љубовта

Подготвени сте за месец полн со романтика и страст? Најголем дел од месецот може да сметате на несебичната поддршка од планетата на љубовта Венера, која ќе ви гарантира недели полни со страст. Осамените Овни нема да одолеат на убавите комплименти, многу срца ќе бидат освоени…, додека оние кои се во пар ќе уживаат во романтика и хармонија. На работа – ова е период во кој нема многу ентузијазам. Затоа уживајте во секој слободен миг, одморете се и препуштете и се сосема на љубовната стрела.

Бик – Комплициран месец

Драги Бикчиња, за жал, пред вас е еден многу комплициран август кога станува збор за емоциите…Ќе мора да се соочите со неповолната поставеност на Венера, која ќе ви донесе бројни проблеми, се до 21ви август – ако сте во врска, внимавајте да не барате премногу од партнерот, зашто неговите нерви висат на конче…Повеќе годишни одмори во пар, може да се „расипат“ токму поради несогласувања и иреални барања. И Марс е неповолен, па дополнително ќе ве прави уморни и нерасположени. За среќа, може да сметате на поддршката на Меркур кој ви отвора убави врати на деловен план, а ве очекуваат и новости кои ќе ја подобрат вашата финансиска ситуација.

Близнаци – Денови на страст

Заборавете ги сите проблеми на работа, оставете ја во канцеларија секоја загриженост зашто пред вас е месец кој бара од вас сосема да и се предадете на љубовната стрела! Планетата на љубовта, Венера, ќе биде главната протагонистка на месецот, па се до 21ви август очекувајте интересни средби, пеперутки во стомакот, страсни прегратки…., ах љубов! Во вториот дел од месецот, на работен план, ќе очекувате некоја вест која никако да пристигне. Запомнете, тоа не зависи од вас, затоа опуштете се малку и уживајте во романтичните мигови…

Рак – Успесите доаѓаат, но не одеднаш

Драги Ракчиња, првиот дел од 2019 година не беше едноставен за вашиот знак, бидејќи се соочувавте со опозицијата на големиот учител, Сатурн. Но, веќе од август ќе почнете да чувствувате олеснувања. Сепак, не очекувајте дека сите проблеми наеднаш ќе се решат, тоа ќе оди бавно, но со сигурни чекори и за ваше добро. Меркур е поволен и ќе ви донесе убаво изненадување на деловен план, иако другите ѕвезди нема да дозволат одеднаш да ви се сотвари сонот. Обидете се да се релаксирате, да заминете на годишен одмор или на краток одмор каде ќе ги заборавите сите проблеми. Со вас, во вториот дел од август, ќе биде и Марс кој ќе ве награди со добро здравје и позитивна енергија кои ќе ве следат и во текот на целата есен.

Лав – На прво место!

Ако треба да се рангираат најсреќните хороскопски знаци за август, вие дефинитивно го имате првото место. Планетата Марс во конјукција ви гарантира неверојатна енергија, сила и одлично расположение, па никој и ништо нема да може да ве сопре! Венера, која е во вашиот знак, ќе ви носи постојано нови пријатни изненадувања, а љубовта ќе биде насекаде околу вас! На вас ќе биде да одлучите дали ќе се забавувате, флертувате или ќе градите сериозна врска…Кон крајот на месецот и Меркур влегува во вашиот знак, па подгответе се за период полн со успеси и професионални сатисфакции. Што би посакале повеќе?

Девица – Месец на средби

Во текот на целиот август може да сметате на поддршката од Меркур – на работното место може да очекувате нови можности, а совет од ѕвездите е – сите да ги искористите без страв! Сигурно нема да недостигаат нови деловни средби кои ќе бидат од траен карактер. Август за вас ќе биде и месец на големи промени на подобро, пред вас ќе се отвораат нови патишта кои ќе ве водат во поубава иднина. Од 21ви август пак, и планетата Венера ќе биде во конјукција – па ако сте сами, во очекување на вистинската личност, таа би требала брзо да пристигне!

Вага – Многу емоции

Подготвени сте за многу емоции? Август ќе ви ги донесе. До 21ви август може да сметате на прекрасната Венера која ќе ве поддржи на љубовен план, носејќи ви многу среќа на ова поле. Оние кои се веќе во пар, ќе уживаат во мирни и романтични моменти кои долго ќе се паметат, додека осамените Ваги може да очекуваат средба со интересна личност и започнување на нова, длабока, љубовна приказна. Марс е поволен и ќе направи да бидете полни со енергија и добро расположение. На работен план, ќе бидете во ситуација на „стенд бај“, но не грижете се – во тек се подготовките на убави изненадувања кои наскоро ќе ви ги донесат ѕвездите.

Шкорпија – Не си го упропастувајте летото!

Драги Шкорпии, за жал, овој месец нема да биде лесен за вас кога станува збор за емоциите…Ќе мора да влезете во „војна“ со неповолната Венера, која ќе се обиде на секој начин да ве разубеди дека сте со погрешната личност, предизвикувајќи ве на прекинувања на врските, кавги, па и погрешни флертови…Воздржете се од брзи одлуки се до 20-ти, кога ситуацијата ќе се подобри, а вие ќе почнете да размислувате потрезвено. Стресниот прв дел од месецот ќе ви донесе замор и лошо расположение кое ќе го чувствувате во вториот дел од август, а тука е и неповолниот Марс…Совет од ѕвездите е да не си го уништувате одморот, туку напротив, да си дадете одмор на себеси, да отпатувате некаде далеку и да уживате под сонцето, па макар и сами!

Стрелец – Со поддршка на Венера

Вашиот август ќе биде во знакот на поддршката која несебично ќе ви ја дава планетата на љубовта, Венера. Се до 21ви август ќе може да уживате во сите плодови на љубовта. Осамените Стрелци одлично ќе се забавуваат и ќе бидат ѕвезди во друштвото, а нема да недостигаат интересни нови средби и флертови. Препуштете се на љубовните предизвици, зашто секако, на работно поле нема да ви оди добро – Меркур е неповолен, а ѕвездите ве советуваат на деловен план да ги одложите проектите за септември. Марс ќе ви подари огромна енергија во првиот дел од месецот, додека во вториот дел може да се чувствувате малку уморни.

Јарец – Месец за релаксација

Месецот август, конечно ќе ви ја донесе толку посакуваната релаксација. Последниот период беше навистина стресен за вас, и на сентиментален и на деловен план. Сега ќе може да уживате малку во спокојноста, и мирно да ја чекате есента која за вас ќе биде во знак на големите успеси! Почнувајќи од 21ви август, љубовта ќе ви се насмевне, благодарение на прекрасната Венера. Меркур пак, ви гарантира нови можности на професионален план. И Марс конечно се враќа на ваша страна да ве награди со енергија и добро здравје.

Водолија – Стресен месец

Драги Водолии, за жал, август ќе биде најкомплицираниот месец во годината за вашиот знак. Ќе треба да се соочите и со опозицијата на Марс, како и со онаа на Венера. Нема да недостигаат проблеми на сентиментален план – многумина од вас ќе мора да ја преиспитаат врската, и најверојатно, да одлучат да ја прекинат. Кој ќе успее да ги надмине овие тешки кризни моменти со партнерот, во септември ќе излезе посилен од билокога! Ова ќе биде стресен месец и од физички и од психички апсект – често ќе се чувствувате нервозни, уморни и без енергија. Подобрувања може да очекувате после 21ви август.

Риби – Одложете ги обврските 

Поради опозицијата на Меркур, проектите на работното место нема да одат онака како што посакувате, затоа – одложете ги за септември, кога ѕвездите ќе бидат на ваша страна. Посветете се на релаксација, медитација, започнете диета, пронајдете ја хармонијата меѓу телото и умот…Почнувајќи од 21ви, за жал, и Венера ве напушта, па ни љубовта нема многу да ви цути. Вториот дел од месецот, всушност, ќе биде карактеристичен по чувството на замор и пад на енергија, предизвикани од опозицијата на Марс.

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...