Месечен хороскоп за јули: Месец на љубовта за Раковите и Биковите

Јули ќе биде жежок месец на љубовен план за Раковите и за сите воздушни знаци! Кутрите Јарци пак, ќе мора да се соочат со некоја љубовна мака…На професионален план, среќата ќе ги следи Лавовите и сите огнени знаци. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го месечниот хороскоп за јули, 2019.

Овен – Нови можности

Јули ќе ви донесе многу убави вести на работен план, а од друга страна, на емотивен план ќе носи љубовни макички. Планетата Венера ќе биде неповолна од 3ти јули до крајот на месецот – ако планирате да одите на летување со партнерот, подобро е да го одложите за август, зашто август ќе биде и за оние кои се во пар, и за осамените Овни полн со љубовни пријатни изненадувања. Од 6ти јули очекувајте позитивни промени на работното место – станува збор за можност која не треба да ја пропуштите.

Бик – Жежок месец
Подгответе се за месец кој ќе биде исполнет со страсти. Почнувајќи од 3ти, Венера застанува на ваша страна, помагајќи ви да го решите секое недоразбирање со партнерот. И за осамените Бикови ова е месец полн со интересни средби, отворете ги очите, љубовта е зад аголот. На работа пак, ќе се соочувате со задоцнувања на проектите и потешкотии особено од 6ти до 25ти јули кога Меркур ќе ви ги отежнува работите. И Марс е неповолен, па ќе чувствувате пад на енергијата и безволност. Подобро е да заминете на одмор.
Близнаци – Релаксирајте се!
После јуни кој беше доста ангажиран месец, особено на работен план, следува месец кој бара од вас да заминете на летување и добро да се релаксирате. Сега, може да ги соберете плодовите од тоа што до сега го жнеевте, а и финансиите ќе ви бидат во ред. Не изложувајте се на преголеми трошоци сега кога конечно сте финансиски постабилни. И Марс е поволен, ќе ви дава енергија и добро здравје. На љубовен план пак, нема да недостигаат искри, а осамените Близнаци може да сретнат интересно лице кое ќе им го промени, на позитивно, животот и погледот на љубовта.
Рак – Да живее Венера!
За вас, драги Ракчиња, јули ќе биде месец на љубовта. Почнувајќи од 3ти јули, планетата на љубовта, Венера, влегува во вашиот знак, носејќи ви убави емоции и топлина на срцето. Ако планирате одмор за двајца, тоа ќе биде најромантичен и незаборавен одмор! Некои Ракчиња дури и ќе добијат понуди за брак, или ќе размислуваат за проширување на семејството. Осамени Ракови ќе нема, сите ќе бидат во друштво или вљубени! И на работен план среќата ќе ве следи, па очекувајте некој убав предлог во првата недела на јули, или некое многу пријатно изненадување во последната недела на месецот.
Лав – Меркур во конјукција
За вас, драги Лавови, јули ќе биде месец на деловните успеси. Почнувајќи од 6ти јули, планетата Меркур влегува во конјукција со вашиот знак, а со тоа ќе ви ја отвора секоја врата за деловни контакти и позитивни резултати. Искористете ја секоја прилика! Некои од вас ќе го добијат одговорот кој толку долго го посакувале и очекувале. Марс пак, во знакот ќе ви дава многу енергија и физичка сила, па така ништо нема да биде невозможно! На сентиментален план, јули е жежок месец, полн со страсти и романтика, особено последната недела на месецот.
Девица – Се враќа спокојството
Конечно, во јули ќе може да воздивнете и да земете позитивна енергија, особено на емотивен план! Почнувајќи од 3ти јули, Венера нема да ви создава повеќе проблеми, после изминатиот период кој беше прилично напнат…Добро е да расчистите со минатото и старите врски и широко да го отворите срцето кон новите, големи љубови кои се пред вас! И на работен план, ова ќе биде месец полн со позитивни резултати и признанија. А и финансиската ситуација полека ви се подобрува. Од 25ти јули започнува за вас период на работни успеси и многу среќа на деловен план, период кој ќе продолжи и во август.
Вага – Љубовни макички
Драги Вагички, месецот јули нема да биде лесен за вашиот знак што се однесува до чувствата. За жал, ќе мора да се соочите со опозицијата на Венера која ќе ви создава проблеми на секој чекор и маки на срцето и тоа, почнувајќи од 3ти јули па се до 28ми јули. Станува збор за прилично тензичен период, па внимавајте да не се карате со партнерот. Доколку планирате заедничко патување, одложете го за август кога одморот би бил многу помирен. На деловен план пак, ве очекуваат убави новости – од 6ти јули Меркур ќе биде на ваша страна и ќе ви ги отвора деловните врати за успеси.
Шкорпија – Тешкотии на работа
Јули за вас ќе биде месец многу среќен кога се работи за чувствата, но доста тежок кога се работи за работа. Венера ќе биде позитивна и ќе ве поддржува се до 28ми јули – ќе се чувствувате сакани и среќни, но после 28ми, некои соништа ќе ви се урнат, или ќе сфатите дека сте имале погрешна слика за некоја личност. На деловен план, пречки и недоразбирања – почнувајќи од 6ти, па се до 26ти јули. Затоа подобро е да заминете на годишен одмор, ако сте во можност и да заборавите на извесен период на работата која секако нема да ви оди од рака.
Стрелец – Пред успехот
Јули конечно ќе биде мирен на сентиментален план, после бурниот период. Од 3ти јули Венера престанува да ви создава маки и работите ќе тргнат на подобро, а ќе почувствувате големо олеснување. Оставете ги љубовните проблеми во минатото, пред вас се интересни средби. И на професионален план, јули е позитивен месец за вас, ќе ја имате поддршката од Меркур и лесно ќе ги реализирате проектите. На Меркур, ќе му се придружи и Јупитер, кој ќе ве награди со неочекувана среќа. Марс пак, ќе ви испраќа добро здравје и голема енергија.
Јарец – Ах, љубов!
За жал, ова за вас ќе биде месец на љубовните маки и ќе чувствувате тежина на срцето…Ќе мора да се изборите со опозицијата на Венера од 3ти до 28ми јули, која на секој чекор ќе ви создава проблеми. Ова не е период за дискусија со партнерот, затоа обидете се да го зибегнете секој конфликт. За среќа, на деловен план ќе бидете доста ангажирани…Мекур повеќе не е во опозиција што значи дека работите ќе тргнат на подобро, а очекувајте и позитивни резултати. На физички план, Марс ќе ве наградува со енергија и одлично здравје. Не очајувајте ако имате љубовни маки, излезете со друштво и забавувајте се.
Водолија – Тешкотии на работа
За жал, јули нема да биде лесен месец за вас на деловен план – ќе мора да се соочите со опозицијата на Меркур од 6ти до 26ти јули. Имено, Меркур ќе ви создава пречки на секој чекор кога работата е во прашање, затоа можеби е подобро токму сега да го искористите годишниот одмор. За среќа, на љубовен план, розите ќе почнат да цветаат…Многу романтика за оние кои се во пар, а осамените Водолии може да очекуваат интересни лица кои ќе им внесат ведрина во животот. Марс во опозиција ќе направи да се чувствувате уморни, добро е да се посветите на спорт и релаксација.
Риби – Љубовта се враќа
Конечно месецот јули ќе го врати мирот во вашата врска. После јуни кој беше тензичен, почнувајќи од 3ти јули ѕвездите почнуваат да работат за вашиот среќен сентиментален живот. И за осамените Риби ова е убав период во кој лесно ќе склопуваат нови пријателства, а некои од нив ќе бидат полни со страст! Меркур ќе ви помогне да ги истуркате најдобро што може проектите. Искористете го јули за поголеми деловни зафати, зашто август на деловен план нема да биде толку среќен.

x

Check Also

Трчај бе, спортски празник за Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Точно 770 пријавени натпреварувачи од 10 земји, меѓу кои македонската атлетска елита ...