Месечен хороскоп за јуни, топ знаци на месецот Близнаци, Водолија и Вага

Најголем дел од месецот планетата Венера и планетата Меркур ќе престојуваат во знакот Близнаци, носејќи им многу среќа на родените во овој знак. Среќни ќе бидат и другите воздушни знаци, Вагите и Водолиите. Љубовни проблемчиња пак, ќе имаат Рибите и Шкорпиите. А вие? Во кој знак сте родени? Прочитајте што велат ѕвездите за месец јуни 2019.

Овен – Новости на повидок

Јуни ќе биде месец полн со новости за вашиот знак. Ве очекуваат многу изненадувања, особено на работен план. Се до 21ви јуни, Меркур ќе го фаворизира вашиот знак на полето на контактите и ќе ви отвори нови можности за соработка. Последниот дел од месецот пак, ќе биде покомплициран. Венера ќе биде поволна од 9ти јуни до крајот на месецот- ќе ви носи убави вести и настани на љубовен план, а осамените Овни имаат шанси да си ја најдат сродната душа. Марс е неповолен, па може да се чувствувате поуморни од вообичаено.

Бик – На големо!

Месецот мај за вас беше вистинска експлозија на емоции и чувства, па јуни ќе започне малку помирно, но сепак „на големо“ на сите полиња. Може да очекувате голема поддршка од партнерот, зајакнување на врската, а некои Бикови ќе запливаат и во нови врски. На работен план, искористете го првиот дел од месецот кој е многу позитивен за нови договори, а во вториот дел од месецот, особено по 21ви јуни – очекувајте финансиски резултати! Марс е поволен и ќе ве награди со голема енергија!

Близнаци – Број 1

Вие сте број еден во зодијакот за месец јуни. Низ вашиот знак ќе минуваат планетите Меркур и Венера, носејќи ви бројни успеси на деловен и љубовен план. Се ќе ви оди од рака и во јуни – се е можно за вас. Остварете си ги соништата и само напред! На работен план очекувајте промоција или финансиска сатисфакција, а на љубовен план – по 9ти јуни – ве чека период на голема страст и романтични средби. Осамените Близнаци ќе бидат особено поддржани од ѕвездите, ќе бидат фаворизирани новите средби, а љубовните авантури кои сега ќе започнат ќе имаат шанса, во иднина, да прераснат во сериозни и стабилни врски.

Рак – Марс во знакот

Во текот на целиот месец може да сметате на конјукцијата на Марс која ќе ви овозможи многу енергија и волја за решавање на секое проблемче на патот. Вашите напори конечно ќе бидат наградени, особено на деловен план – почнувајќи од 21ви јуни може да очекувате нови работни можности и остварување на плановите кои одамна ги посакувате, а тоа се должи на големата поддршка од Меркур. На љубовен план пак, ќе мора да се соочите со проблемчиња до 10ти јуни, а потоа ѕвездите полека но сигурно ќе почнат да „работат“ за вас.

Лав – Нови работни можности

Драги Лавчиња, мај не беше лесен месец за вас, но јуни – конечно – ви носи спокојство на сите полиња. Енергијата се враќа, а сега ќе добиете и желба за враќање на сцената! Почнувајќи од 6ти јуни, Меркур ќе престане да ви создава неповолности на работен план, и ќе ви помогне да ги надминете проблемите, но и ќе ви отвори нови врати за соработка. Искористете ги новите средби, тие ви носат нови позитивни можности за напредок! Од 9ти јуни и Венера ќе застане на ваша страна, па тензиите со партнерот ќе станат минато, а хармоничноста во врските ќе се врати. Осамените Лавови ќе имаат убава можност да запознаат специјална личност.

Девица – Вознемиреност

Ова ќе биде за вас месец во кој ќе почувствувате вознемиреност, на повеќе полиња. Малите земјотреси ќе започнат во вашето срце, кога Венера, од 9ти јуни, ќе ви го заврте грбот и ќе ви направи проблеми со саканата личност. Оние кои се во пар, ќе почнат да се сомневаат во врската и во верноста на партнерот, а многумина и ќе ги мачи љубомората…Внимавајте да не донесете брзи и погрешни заклучоци. На работен план, можни се пречки од 6ти до 21ви јуни, а потоа Меркур ќе застане на ваша страна и ќе ви помогне да ги надминете сите проблеми. Марс ќе биде со вас, ќе ве награди со енергија и одлично здравје!

Вага – Мал замор

Овој месец за вас ќе биде во знакот на малиот замор кој ќе го чувствувате, а тој пад на енергија се должи на лошата поставеност на Марс. Но не грижете се, месецот ќе биде полн со убави вести и одлични можности. На работен план може да очекувате огромна поддршка од Меркур кој се до 21ви ќе ви отвора нови врати за соработка и ќе ви носи нови корисни контакти. На сентиментален план пак, Венера е подготвена да ве поддржи – почнувајќи од 9ти јуни ќе ви носи среќа во емотивните релации, а осамените Вагички ќе имаат можност да се вљубат и започнат нова љубовна приказна…

Шкорпија – Враќање на мирот

Втората половина на месецот мај за вас беше прилично тешка и на работен и на емотивен план. Но сега ситуацијата на небото се менува, ѕвездите ви го враќаат спокојството на сите полиња. Почекајте до 9ти јуни, почнувајќи од овој датум комуникациите се партнерот ќе се подобрат, а врската ќе стане постабилна. На работа пак, ќе почувствувате големо олеснување веќе од 6ти јуни, а од 21ви јуни може да очекувате и убави новости.

Стрелец – Тежок месец

За жал, драги Стрелци, јуни нема да биде лесен месец за вашиот знак. Почнувајќи од 9ти ќе мора да се соочите со проблеми кои ќе ви ги донесе опозицијата на Венера на љубовен план – конфликти со партнерот и саканите лица. Наместо во кавги, подобро е да влегувате во разговори и на тој начин да ја смирувате ситуацијата. На работен план, нови неповолности особено во периодот од 6ти до 21ви јуни, кога опозицијата на Меркур ќе ви донесе потешкотии во комуникацијата со колегите и претпоставените, блокади во проектите и можни намалени финансии. Крајот на месецот, за среќа, ќе почувствувате олеснување.

Јарец – Без енергија

Опозицијата на Марс ќе ве следи во текот на целиот месец, за жал, а тоа значи дека ќе бидете без енергија и без волја да преземете нешто. Ќе се чувствувате и психички и физички уморни. За среќа, тука се другите планети за да ве поддржат – Венера е поволна од 9ти јуни и ќе ви подари поддршка од партнерот и саканите лица. Љубовта ќе ви донесе убави изненадувања, особено во првиот дел од месецот. На работен план – внимавајте да не донесувате одлуки и да не потпишувате штетни договори во последните десет дена од месецот!

Водолија – Месец на љубовта

Втората половина на мај за вас беше малку тензичен на емотивен и професионален план, но сега – во јуни – може да им кажете збогум на проблемите. На љубовен план, почнувајќи од 9ти јуни, може да сметате на една прекрасна Венера која во текот на целиот месец ќе ви носи страст и романтични моменти. Осамените Водолии ќе сретнат интересни лица и ќе уживаат во нивите љубовни приказни. На работа пак, многу поволен период ќе биде од 9ти до 24ти кога Меркур ќе ви помогне да направите корисни договори и убави нови контакти, а можни се и промени (позитивни) на работното место.

Риби – Љубовни проблемчиња

Јуни ќе започне добро за вашиот знак, но за жал, понатаму ќе станува се полош, особено во централниот дел на месецот. Венера останува поволна до 9ти јуни, а потоа ви го врти грбот – почнувајќи од овој ден ќе се појават проблеми во врските. Од професионална гледна точка, можни се пречки и недоразбирања особено во периодот меѓу 9ти и 21ви, кога Меркур е неповолен и ќе ви ги комплицира контактите и релациите. Од 21-ви пак, небото повторно „ќе се отвори“ за вас и ќе ви помогне да ја решите секоја тензија. Марс е поволен и ќе ви гарантира одлична енергија за да се соочите и да ги надминете проблемите.

x

Check Also

„Медена земја“ се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми ...