МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ 2020, многу љубов за воздушните знаци!

Во мај, планетата Венера ќе го продолжи својот долг транзит во знакот на Близнаци, донесувајќи многу среќа во љубовта за сите воздушни знаци. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви резервираа ѕвездите за месец мај!

Овен: доаѓаат одлични вести!
Месецот мај е подготвен да ви донесе многу убави задоволства. Небото ќе го фаворизира вашиот знак и од професионална и од сентиментална гледна точка. Всушност, ќе ја имате на ваша страна убавата поволна Венера, која ќе ви даде сила и страст. Планетата Сатурн исто така ќе ви се насмее и, почнувајќи од 12от ден, планетата Меркур: благодарение на нивното влијание, одлични вести доаѓаат на работното место, нови можности или нови контакти се на повидок.

Бик: сметајте на Меркур!
Месецот мај може да ви донесе малку повеќе стрес и умор. Марс во неповолна позиција одзема одредена енергија, додека Сатурн – од своја страна – создава пречки на вашиот пат и ве тера да се сомневате во сигурноста. И покрај ова, можете да сметате на прекрасниот Меркур, кој ќе ве бодри во целата прва половина од месецот: оваа планета ќе ви донесе нови контакти и можности од областа на работата, кои доколку не можат да вродат со плод во непосредна иднина, ќе бидат фантастично реализирани во септември.

Близнаци: одлично!
Драги Близнаци, планетата Венера ќе остане во вашиот знак и овој месец. Следува навистина среќен период во однос на чувствата: ако неодамна почнавте нова приказна, можно е дека таа ќе стане важна, или во секој случај многу интензивна. Ако, од друга страна, долго време сте во пар, вие и партнерот повторно ќе ја откриете страста и ќе почнете да правите нови планови за иднината. Одлични можности пристигнуваат и на работното место, особено во втората половина на месецот, кога планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак.

Рак: воздишка на олеснување!
Драги Ракчиња, месец мај ви овозможува да земете воздишка и ќе почувствувате олеснување по прилично тешкиот почеток на годината. Конечно – уште од април – Сатурн веќе не е во опозиција. Јупитер останува да ви се спротиставува  што ризикува да ставите кочница на вашите работни проекти, поставувајќи ви уште неколку пречки на вашиот пат. Сепак, можете да сметате на поддршката на Меркур – особено во првата половина од месецот – подготвен да ви донесе неколку убави изненадувања. Потоа, од 29ти мај, ќе ви се отворат вратите за јуни кој ќе биде месец полн со добри вести!

Лав: без енергија!
Месецот мај веројатно ќе биде прилично стресен за вашиот знак, поради опозицијата на Сатурн и на Марс. Размислете за малку повеќе одмор зошто ќе ви треба енергија за да се справите со неколку неочекувани блокади на работното место во првиот дел од мај. Сепак, почнувајќи од 12ти, можете да сметате на наклонетоста на Меркур, подготвен да ви донесе – конечно – некои добри вести. Планетата Венера продолжува да биде на ваша страна и ќе ви даде моменти на голема романса и целата љубов што ја заслужувате.

Девица: кавги
Во мај – за жал – неповолната позиција на Венера ќе продолжи да ви носи тежок период. Планетата на љубовта ве става во опасност сериозно да ја поткопа вашата љубовна врска: ако месец април веќе ја запали тензијата меѓу вас и вашиот партнер, сега постои ризик да избувнете дури и во многу тешки дискусии. Побарајте колку што е можно повеќе дијалог со својот партнер, особено во првиот дел од месецот, кога го имате Меркур подготвен да дејствува во ваша корист и да ги подобри вашите комуникациски вештини. До 12ти мај, ќе биде фаворизирана професионалната сфера.

Вага: убави изненадувања!
Драги Ваги, месецот мај ви резервира неколку убави изненадувања! Ќе имате голема корист од Сатурн, кој престанува да го спречува вашиот пат, како и поддршка од Марс и Венера. Добри вести ќе пристигнат на професионалното поле, особено можни се успеси и унапредувања во втората половина на месецот, кога и планетата Меркур ќе биде на ваша страна. Љубовта ќе ги исполни вашите денови: ако сте сингл, желбата да се вљубувате ќе се засили, додека – ако веќе сте во пар – вие и партнерот ќе се чувствувате пообединети и посреќни од кога било!

Шкорпија: под притисок
Месецот мај ќе донесе малку повеќе стрес и умор на вашиот знак, особено во втората половина. За жал, планетата Сатурн и планетите Марс и Меркур ќе продолжат да вршат притисок врз вас и, особено во професионалната сфера, нема да биде лесно да се справите со проблемите и неочекуваните настани. За среќа, почнувајќи од 12ти, Меркур ќе престане да биде во опозиција и ова ќе направи да се чувствувате полесно, и тоа веднаш! Во последните денови во месецот, Меркур ќе се врати да дејствува во ваша корист, ветувајќи подобар јуни од овој мај.

Стрелец: сметајте на Марс!
Драги Стрелци, за жал и овој месец ќе мора да го издржите спротивставувањето на Венера: планетата на љубовта ќе го наруши вашиот љубовен живот. Ако за некои тоа може да биде едноставна криза, за други тоа ќе значи сериозно да се доведе во прашање нивната врска. Втората половина од месецот ќе биде особено тешка, затоа што дури и планетата Меркур ќе се спротивстави на вашиот знак, што ја отежнува комуникацијата и во семејството и на работното место. За среќа, можете да сметате на Марс, подготвен да ве направи секогаш борбени и полни со енергија.

Јарец: момент на застој
Месецот мај носи застој во генералниот напредок што ќе го одбележи 2020 година за вас. Сатурн веќе не е во знакот, туку ќе се врати дури во јули, гарантирајќи ви успешна втора половина од годината. Во меѓувреме, сепак, можете да сметате на поддршката на Јупитер: оваа планета не ве напушта и е подготвена да ви ги даде можностите и победите што ги заслужувате. До 12ти мај, ќе ја имате и поддршката од Меркур подготвен да ви отвори нови можности и нови контакти што ќе ви значат во втората половина на годината.

Водолија: среќен месец!
Во текот на целиот месец мај можете да сметате на поддршката од Марс и онаа на Сатурн: овие две планети ве прават посилни од кога било, полни со енергија и желба да се промените на подобро. Ако во првата половина на месецот ќе мора да го издржите неповолниот Меркур (што може да доведе до одредено забавување на вашите проекти), во втората половина оваа планета исто така ќе дејствува во ваша корист и ништо не може да ве спречи! Среќата е исто така загарантирана и во љубовта, благодарение на прекрасниот аспект на планетата Венера.

Риби: љубовни проблеми
Драги Риби, за жал планетата Венера ќе остане неповолна за вашиот знак за текот на целиот месец мај: сентименталната криза која веќе започна, за некои од вас, во месец април, веројатно ќе се влоши, што ќе доведе во некои случаи и до прекинување на врската.  Внимавајте особено на втората половина од месецот, кога дури и планетата Меркур ќе биде неповолна и секој дијалог со партнерот ќе биде покомплициран. На професионален фронт ќе покажете добри резултати, особено во првата половина на месецот кога со вас е поволниот Јупитер.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ – Literatura.mk Superstore

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...