Месечен хороскоп за ноември: Топ знаци на месецот Стрелец, Водолија и Вага

Ноември е специфичен по трансферот на Јупитер во Стрелец, а тоа ќе донесе период на големи успеси на сите огнени знаци. Во љубовта ќе бидат фаворизирани Вагите, Близнаците и Водолиите, додека љубовна криза ќе имаат Јарците и Овните. Во кој знак сте родени? Прочитајте го хороскопот за ноември.

Овен – Љубовни проблеми

За Овните ноември ќе биде многу среќен месец на работното поле, но не и на сентиментален план. Од 31 октомври, Венера е во опозиција со знакот, носејќи комплициран период за љубовните врски, но и тензии. Некои парови ќе ризикуваат да се разделат до крајот на месецот, други ќе успеат сепак да ја пребродат кризата. Од 9ти ноември, Јупитер отвора поволен период што се однесува до проектите – се што ќе започнете во тој период, на долг рок ќе ви донесе успех.

Бик – Најлошото го поминавте

Ноември е месец кога ќе почувствувате олеснување, најлошото е зад вас. Паровите кои се сеуште заедно, ќе си го вратат спокојството и разбирањето. Оние пак, кои ги прекинале врските, ќе успеат да ја пребродат кризата и да започнат нова врска. За среќа, енергијата ќе ви се врати, а со неа и подобреното расположение, благодарение на Марс кој престанува да биде неповолен за вашиот знак и ви нуди поддршка. Од 9ти, ќе се збогувате и со опозицијата на Јупитер, кој долго ги одложуваше проектите. Многу убави вести се на хоризонтот, ваше е да ги реализирате.

Близнаци – Стрес на работа

Драги Близнаци, месецот ноември ќе биде малку тензичен за вас, особено вториот дел од месецот. За жал, Меркур е во опозиција, а од 9-ти ноември, во опозиција ќе биде и Јупитер. Затоа, на работното место ќе почувствувате доцнење на проектите, нереализирани планови, па дури и конфликти со претпоставените и колегите. Не започнувајте во овој период нови проекти. Од 15ти ноември, и Марс станува неповолен, што ќе ви донесе пад на енергијата, замор и лошо расположение. За среќа, има една убава вест – а таа се однесува на љубовта. Планетата Венера ќе застане на ваша страна и ќе ве заштитува цел месец, носејќи ви бројни убави емоции.

Рак – Неповолна Венера

Драги Ракчиња, месецот ноември ќе ви донесе тешкотии на сентиментален план. Планетата Венера ќе престане да ве фаворизира. Ако сте веќе извесно време во врска, може да доживеете кризи но и умор. Ако пак врската ви е свежа, постои ризик да ја прекинете, бидејќи ќе увидите дека личноста не е за вас, но и дека премногу сте ја идеализирале. Искористете го овој период за да размислите што навистина сакате од врската. Осамените, тешко ќе остваруваат нови контакти. Од средината на месецот,  сепак, ќе може да сметате на поддршката на Марс, кој ќе ви донесе добро здравје и многу енергија. Ако не спортувате, време е да почнете со спорт.

Лав – Свртете страница

Драги Лавови, меѓу септември и октомври преживеавте период на стрес, но не грижете се – конечно дојде мигот за да свртите нова страница. Месецот ноември ќе биде многу поспокоен и ќе ви донесе стабилност, пред се на работното поле. Конечно Меркур и Јупитер застануваат на ваша страна – проектите кои до сега беа блокирани, ќе земат нов замав. Сега, се ќе ви изгледа полесно за реализација. Но, за многумина ќе се отворат и нови можности, па дури и ново работно место. И на сентиментален план ќе успеете да ги надминете кризите од минатото, враќајќи си ја хармонијата која изгледаше како да е загубена. За осамените – нови, интересни средби!

Девица – Замор

За жал, овој месец за вас планетите нема да ви дадат голема помош. Од 15-ти, Марс влегува во опозиција и одеднаш ќе почувствувате замор и пад на енергијата, а многумина од вас и лошо расположение. Втората половина од месецот ќе биде прилично стресна и комплицирана, особено на работно поле. И планетата Меркур нема да биде поволна, создавајќи ви пречки во реализирање на проектите, како и конфликти со претпоставените и колегите. За жал, и Јупитер ви го врти грбот, затоа ова не е период за започнување на ништо ново, на ниедно поле.

Вага – Месец за љубов

Вагички, ноември ќе биде месец полн со љубовни предизвици и задоволства. Венера во конјукција ви носи големи чувства. Осамените треба да остварат средба на животот, додека оние кои се во врска ќе уживаат во стабилноста и хармонијата со партнерот. И на работното место планетите ве фаворизираат. Може да сметате на поддршката од Меркур кој ќе ви отвори нови врати за нови проекти, но ќе ви овозможи и корисни деловни средби. Што чекате тогаш? Овој месец не се ограничувајте туку слободно сонувајте со отворени очи.

Шкорпија – Само напред!

Драги Шкорпии, октомври беше за вас прекрасен месец, а сега добивате шанса да уживате во насобраните плодови. Ноември нема да донесе многу новости, но ќе биде убав и пријатен месец, во кој ќе си ги поставите приоритетите и ќе продолжите да одите напред. Од 15-ти, Марс почнува да биде позитивен за вашиот знак, носејќи ви енергија и убаво расположение, искористете ја оваа голема енергија и за спорт или диета. Вие сте од оние кои никогаш не се откажуваат од борба, но сега е момент да застанете и малку да се одморите. НА љубовен план ве чека спокојност и стабилност, па што сакате повеќе?

Стрелец – Добредојде Јупитер

За Стрелците ова е извонреден месец. Почнувајќи од работен план, Меркур влегува во конјукција отворајќи ви ги сите врати, нови контакти и нови проекти се пред вас. Но тука е и планетата на среќата Јупитер која ќе ви даде огромна поддршка, сега таа ќе биде токму во вашиот знак. Не размислувајте да почнувате нови потфати, зашто се ќе ви оди од рака. И Венера е на ваша страна и овој месец ќе ви донесе новости и убавини на емотивно поле. Осамените, ќе имаат можност да започнат прекрасна врска. Внимавајте само на 15-ти, ден кој е полн со стрес.

Јарец – Ви треба дијалог

За жал, овој месец нема да имате многу среќа на љубовно поле, Венера ви го врти грбот и ве остава во љубовни проблеми. Постои можност некои врски да завршат до крајот на ноември. Љубовни проблеми имавте и во минатото, но сега тие достигнуваат кулминација и повеќе нема да прифаќате компромиси. Подобро е периодот да го поминете свртувајќи се кон себе, размислувајќи за приоритетите и за тоа што навистина ви треба. Ако сакате да ја сочувате врската, отворете искрен дијалог со партнерот и кажете му како се чувствувате. Од 15-ти, може да сметате на поддршката на Марс, кој ќе ви подари сила за полесно да ги поминете проблемите.

Водолија – Супер месец!

Подгитвени сте да дочекате месец полн со изненадувања? Ноември ќе биде незаборавен за вас, на сите фронтови. На ваша страна ќе ја имате убавата Венера која ќе ви подари многу емоции и љубов. Најпосле, ќе доживеете да бидете во прв план, особено во срцето на оние кои ви значат, а вашата врска ќе стане зрела и стабилна. И на работното место ве чекаат големи новости – на ваша страна е Меркур, но од 9ти ноември ќе ја имате поддршката и од планетата на среќата, Јупитер. Не плашете се да ризикувате, секој потег ќе биде во ваша полза, а пред вас се отвораат бројни успешни проекти.

Риби – Проблеми на работа

Рипчиња, месецот ноември нема да биде посебно среќен за вас, особено на професионален план. За жал, Меркур ви го заврти грбот,  од 9ти, тоа ќе го направи и Јупитер. Затоа за вас почнува еден комплициран период, во кој новите проекти и новите контакти ќе бидат значајно отежнати за разлика од порано. Но, не грижете се, тука е Марс кој ќе ви даде голема енергија и сила лесно да ги пребродите проблемите. Внимавајте да не подлегнете многу на стресот, предизвикан од сентименталните врски, зашто постои ризик да влегувате во кавги без причина.

x

Check Also

Неделен хороскоп (12ти-18ти ноември): Топ знаци на неделата Водолија и Лав

Оваа недела планетата Марс го напушта знакот на Водолија и влегува во ...