Месечен хороскоп за септември: Топ знаци на месецот Вага, Лав и Девица

Септември ќе биде месец полн со љубов за Вагите и Девиците. Среќа во љубовта пак, нема да имаат Рибите и Овните. Земјените знаци, благодарение на влијанието на Марс, ќе бидат полни со енергија и „на големо“ ќе ја започнат работната сезона. А вие, во кој знак сте родени? Прочитајте го месечниот хороскоп.

Овен – Моменти на криза

Драги Овни, август беше исполнет месец за вас – многумина од вас најдоа љубов, а многумина ги зајакнаа постоечките врски. Но сега, пред вас е месец на емотивни кризи, особено од  втората половина на септември, кога Венера ќе биде во опозиција и ќе ви донесе недоразбирања и кавги. Подобро ќе биде на професионален план – Меркур е поволен и ви осигурува успеси и нови договори.

Бик – Здравје и енергија

Септември ќе започне со компликации на работното место. Но не грижете се, почнувајќи од 10ти септември ситуацијата значително ќе се подобри и лесно ќе ги исполнувате работните задачи. Од сентиментална пак, гледна точка, може да сметате на големата поддршка од планетата на љубовта, Венера, која особено во првата половина на месецот ќе ви обезбеди средба со некоја посебна личност! Марс е поволен и ќе ви носи многу енергија, добро расположение и здравје.

Близнаци – Заморен месец

Со почетокот на септември ќе почнете да чувствувате замор и исцрпеност, а тоа се должи на лошата поставеност на Марс. За жал, овој замор и пад на енергија ќе ве следи до самиот крај на септември. Токму тој замор нема да ви дозволи да ги решавате проблемите на работното место и работите ќе бидат блокирани. Што се однесува до љубовта, првата половина на месецот ќе биде потешка, поради лошото влијание на Венера, која ќе се врати да ви ја даде поддршката од 14ти септември. Меркур продолжува да прави проблеми на работното место особено после 10-ти септември. Сепак, првите 10 дена во месецот може да очекувате некоја многу пријатна вест!

Рак – Инсистирајте на дијалог

Драги Ракчиња, септември ќе започне „на големо“ – ќе се чувствувате силни и подготвени за нови предизвици на работното место, а Марс ќе ви подарува многу енергија и добро расположение. И здравјето ќе ви биде одлично! Од 10-ти септември може да очекувате нови можности на работа и конечно ќе добиете шанса да се покажете. На сентиментален план пак, првиот дел од месецот ќе биде подобар од вториот. Почнувајќи од 14ти септември, всушност, Венера нема веќе да ви дава поддршка па можни се тензии во врската. Наместо да избувнувате во кавги, обидете се да барате конструктивен дијалог.

Лав – Со поддршка на Венера

Вие бевте ѕвезда во летната сезона, и за среќа, работите ви се стабилни на сите полиња, па ништо нема да може да ве турне од тронот. Ако во текот на летото сте започнале нова љубовна приказна, во септември Венера ќе ви помогне да ја зацврстите врската, особено во втората половина на месецот. Оние пак кои се подолго време во врска, во септември ќе носат многу важни одлуки, како брак или проширување на семејството. Од професионален план, може да очекувате супер вести кои ќе пристигнат околу 10-ти септември.

Девица – Вие сте број 1.

Август беше среќен месец за вашиот знак, но септември ќе биде уште подобар. Венера останува во конјукција во текот на првата половина на месецот гарантирајќи ви љубовен живот полн со емоции и страст. Осамените би требале да направат важни средби, а многумина ќе започнат убави љубовни приказни. И на деловен план се ќе ви оди од рака, а од 10-ти септември очекувајте убави вести зашто Меркур ќе застане на ваша страна и ќе ви носи среќа. Нови соработки и можности се пред вас. Марс исто така ќе ви дава поддршка па ќе блескате од енергија и добро здравје.

Вага – Вистинската личност доаѓа!

Септември за вас ќе биде навистина фантастичен месец! Сите ѕвезди се на ваша страна – особено во втората половина на месецот кога соништата ќе стануваат реалност. Венера ќе влезе во конјукција со вашиот знак и ќе ви гарантира љубовен живот полн со радости. Осамените Ваги конечно ќе ја запознат вистинската личност, а оние кои се во стабилни врски ќе донесат важни одлуки за заеднички живот. На деловен план ве очекуваат убави новости особено во првата половина на месецот. Сепак, најважните успеси ќе пристигнат со почеток на октомври.

Шкорпија – Мирен месец

Септември ќе биде мирен месец за вашиот знак. Ќе успеете да ги преземете работите под контрола, а ќе имате енергија сите проекти на деловен план успешно да ги реализирате, благодарение на поддршката на Марс. Само, на работа, може да очекувате мали потешкотии во првата недела, а потоа, се ќе биде по ваше. Од емотивна страна пак, првата половина на месецот ќе биде полна со убави средби и размена на позитивни чувства – Венера ќе ви помогне да ја стабилизирате врската, ако веќе сте во врска, а ако не сте ќе ви помогне да запознаете вистинска личност за вас.

Стрелец – Проблематичен месец

Драги Стрелци, за жал, септември нема да биде лесен месец за вас – ќе се појават многу блокади и потешкотии и на работен и на сентиментален план, но сепак, ќе успевате да испливате од комплицираните ситуации. За жал, планетата Венера продолжува да биде негативна и не може да очекувате позитивни промени во врската, а тензиите со партнерот ќе растат. Осамените Стрелци исто така, нема да имаат среќа со новите средби, ако до нив дојде, особено во првата половина на месецот. Вториот дел од месецот не подобар, па осигурајте си дијалог со саканите лица за полека да ги решавате проблемите. И Марс е неповолен, а тоа значи пад на енергијата и внимавајте на здравјето.

Јарец – Големо враќање

Септември за вашиот знак е во знакот на големото враќање, особено на професионален план. Како до сега да бевте исклучени од игра, ама сега, станувате еден од значајните деловни „играчи“. Не заборавајте, до крајот на годината ве чекаат фантастични деловни успеси! Поголеми чекори ќе преземете од 10ти до 30ти септември, кога Меркур ќе ви даде силна поддршка. Во љубовта пак, втората половина на месецот ќе биде потешка, па можни се конфликти со саканите лица. Марс е позитивен и ќе ви дава сила за да ги надминувате проблемите.

Водолија – Спокојството се враќа

Конечно, септември ќе ви донесе мир во вашиот живот. Јули и август беа во знакот на љубовните маки, поради опозицијата на Венера, но и на Меркур, кој ви создаваше неволји на деловен план. Но од 10-ти септември, Меркур нема веќе да биде во опозиција и ќе почнете да ги реализирате заостанатите проекти, успешно. И на љубовен план ситуацијата се подобрува во втората половина на месецот кои ќе ви донесе големи задоволства и среќни моменти со партнерот, додека осамените ќе имаат можност да започнат нова приказна.

Риби – Бидете трпеливи

Август за вас не беше едноставен месец – требаше да се соочите со проблемите и во љубовта и на деловен план. Септември ќе биде подобар од август, но сеуште треба да имате трпение…За жал, се не може брзо да се реши. Од сентиментална гледна точка, нема лесно да најдете мир особено во првата половина на месецот кога Венера е во опозиција, додека втората половина ќе биде поспокојна. На работен план, деловните контакти ќе бидат фаворизирани во првите 10 дена на септември, а потоа можни се блокади поради опозицијата на Меркур. Марс пак, ќе продолжи да прави да се чувствувате уморни и под стрес.

x

Check Also

Reebok ја лансира колекцијата во соработка со Викторија Бекам, и многу е шик!

Спорската марка Reebok го најави вториот дел на колекцијата реализирана во соработка со ...