Месиер 45 – ѕвездено јато составено од седум ѕвезди на дизајнерките Симовска и Тошева

Месиер 45 е прв мултимедијален моден проект во Македонија.

irinat-02

Во скопскиот „Планетариум“ дизајнерките Нина Симовска и Ирина Тошева го промовираа мултимедијалниот концептуален проект „Мерсиер 45“. Избрана публика од 160 гости беа дел од невообичаената презентација.

irinat-07

Проектот е составен од капсулна модна колекција, видео и моден едиторијал што од различен аспект ја обработуваат естетиката на светлината како извор на постоење. Месиер 45 е ѕвездено јато составено од седум ѕвезди, сестри кои според митологијата се ќерки  на  титанот  Атлас-  носачот  на  небото. Тука  ја  наоѓаат  својата  инспирација  Симовска  и Тошева креирајќи 7 изгледи изработени од луксузни материјали со доработка со вез од мониста и и специјално сечење на  материјалите.

irinat-06

irinat-10

Во  оваа  колекција  тие  прават  пресликување на  обоената светлина што е над нас.

irinat-09

„Наместо  да  објаснуваме,  сакавме  публиката  да  ја  види  и  доживее  нашата инспирација.  Затоа сме во Планетариум “  вели Нина Симовска, а ИринаТошева додава: „Сакаме оние што ќе ги носат креациите да се чувствуваат токму како ѕвездите што нѝ дадоа инспирација“.

nat-11

По презентацијата  во Планетариум публиката имаше можност  да го  види и  модното видео режирано од Ана Јакимска со музика на Ненад Стефаноски (Foolish Green). Кинематографија – Александар  Ристески,  монтажа –  Бранко  Костески.

Видеото  се  надоврзува  на  Месиер  45 обработувајќи го од аспект на митот за создавањето од темнина и женската енергија на вода. Фото-едиторијалот на Миладин Паповиќ ја отсликува токму бојата и моќта на уникатните модни парчиња  носени  од  Ивана  Гелева,  Ана  Ежова  и  Сара  Миленковска.  Изгледот  на  моделите  е надополнет од исклучително креативниот дизајн за шминка на Виктор Мирчевски и на коса од Студио Алур.

irinat-05

Уникатните модели се достапни за продажба во продавницата Just Because- concept store на ул. „Максим Горки“ бр.25 лок.4.

x

Check Also

Поглед на новата спортска колекција од Guess

Моделката Натали Роузер позира во новата кампања на спортска облека Guess за ...