Места на кои никако не треба да се чува зимницата

Дури и совршено подготвената зимница во добро стерилизирана тегла може да се расипе ако се чува на погрешно место.

На многумина подготвувачи на зимница, сигурно им се случило да им расипе ајвар, кисели пиперки, џем од сливи…

Можеби проблемот за тоа е местото каде што се чува зимницата, па во продолжение погледнете кои места треба да ги избегнувате.

Влажни места

Подрумот често се смета за идеално место за складирање на зимница, бидејќи одржува стабилна ниска температура и постојано е темно. Но, ако подрумот е влажен, ова не е добра опција, бидејќи теглите може да ги фати мувла.

Силна светлина

Теглите со кисели пиперки или ајвар никогаш не треба да се ставаат во близина на прозорци или на полици каде што паѓа светлината.

Неизедначени температури

За зимницата „да преживее“, важно е да се обезбеди приближно стабилна температура. Избегнувајте места во близина на електрични апарати, бидејќи тие шират топлина и не чувајте ја на тераса или во ходник.

x

Check Also

Есенски колач со сезонско овошје готов за половина час

Ние овој колач го подготвивме со вишни, но може да употребите праски, ...