Мет Гала вечерва на тема Camp Notes on Fashion

Првиот понеделник во мај секогаш е резервиран за ексклузивниот настан во организација на уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур. Станува збор за Мет Гала, настан на кој присуствуваат ексклузивни гости по избор на Винтур, а од медиумите присуствуваат само новинарите на Вог.

Влезот за другите медиуми не само што е забранет, туку се забранети и постирање на фотографии на социјалните мрежи, доколку сакате да бидете поканети и следната година.

Оваа година тема на модните Оскари е Camp Notes on Fashion инспирирана од истоимениот есеј од 1964 година. „камп е естетска слика на светот. Претставува победа на стилот над содржината, на естетиката над моралноста, на иронијата над трагедијата“.

Сепак, вечерва очекуваме претерувања во се, и секако, нема да бараме елеганција во ништо.

x

Check Also

Чиста рерна е тајната на вкусните и квалитетни оброци, а рерната која се чисти сама е сон на секој готвач

 Најновата Samsung NV7000N двојна рерна е кујнски моден додаток кој секој би посакал ...