МЕТЕО: Прогноза на Славчо Попоски за периодот 13-20 септември 2022

До петок следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Денес и тоа особено долж повардарието ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Наутро овие денови ќе биде значително посвежо со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштат до околу, па и под 10 степени, додека во Беровскиот регион истите се очекува да се спуштат дури и под 5 степени.

Максималните пак и тоа од среда, а особено од четврток до сабота ќе бидат високи и натпросекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури и над 35 степени.

Промена на времето, врнежи и позначително заладување ќе има за време на викендот, односно од недела. Детална анализа околу ова следува овие денови.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите овие денови во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека до сабота истите ќе бележат тенденција на секојдневен пораст.

x

Check Also

Основни модни парчиња од & Other Stories совршени за пролет 2020: Едноставноста и практичноста го имаат главниот збор!

& Other Stories за новата колекција зема инспирација од скандинавскиот стил препознатлив ...