МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Час студ, час сончеви периоди, проверете што треба да направите!

Средината на декември ни донесе многу променливо време и многу студ, а во повеќе делови од Македонија и снег. Па покрај борбата со коронавирусот, влеговме во сезоната на грипот кој често збунува со слични симптоми. Затоа, како никогаш претходно најнеопходно ни е во следниот период да го направиме најдоброто што можеме за себе и за својот имунитет.

Покрај основните чекори како здрава исхрана и соодветен внес на течности, избегнување затворени простори и гужви и редовно миење на рацете, неопходни ни се и додатоци во исхраната кои го зајакнуваат имунолошкиот одговор на телото за заштита од инфекции и го поддржуваат закрепнувањето на имунолошкиот систем.

Но, прво да ја разгледаме временската прогноза за следниве денови, а таа ни кажува:

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, додека во северните планински предели ќе има услови за локално и слабо провејување на снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во следните денови ќе имаме повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а особено утре и тоа долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат доста ниски и на некои места ќе се спуштат до -10 степени, додека во планинските региони истите се очекува да се спуштат и до околу -15 степени.

Макималните дневни температури пак ќе се икачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

ЗДРАВСТВЕН СОВЕТ: Работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот во сезоната на сезонси грипови и вируси, а воедно и во борбата против коронавирусот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...