МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Доаѓа снегот – радост за децата, но и извор на настинки и грип, но сега може да ги изнесете децата надвор и кога е студено!

Во време на пандемија на ковид-19, но и во есенската сезона на многу променливо време со високи распони во температурните разлики, а следува пад на температурите, дождови и снег веќе во следната седмица, и кога се присутни и други вирусни инфекции, многу е важно одржувањето на редокс-рамнотежата. Односно, треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана. Не заборавајте дека истото важи и за децата кои пак, дополнително се изложени на зголемени контакти преку играта, во училиштата и во градинките. 

Под влијание на влажен воздушен бран утре и тоа особено претпладне на повеќе места ќе има врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе врне снег. Врнежи од дожд и тоа особено во западните предели ќе има и за време на викендот. Од утре исто така ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени, додека за време на викендот, и тоа поради јужното воздушно струење, температурите ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 16 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе има услови за повремен дожд, и тоа особено претпладне, додека за време на викендот условите за врнежи ќе бидат помали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јен и од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.

РАНА НАЈАВА: Барем отсега гледано, ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, проследено со засилен северозападен ветер и врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините (каде ќе се формира и снежна покривка), но и услови за врнежи од снег и на местата со помала надворска височина се очекува во почетокот од следната недела, односно во текот на ноќта понеделник кон вторник и во вторник.

Ако вака останат работите, значително постудено и тоа под влијание на студен воздушен бран од север кој ќе услови зимски температури, се очекува и на почетокот на декември.

Во периодов на студено време, внимавајте на здравјето и на здравјето на вашите деца. Работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот кај децата кои се изложени на постојан контакт со други деца во градинките и во училиштата!

Здравствен совет: Имунолошкиот систем кај децата не е доволно развиен, па затоа вирусите и бактериите побрзо се „лепат“ до нив. Многу деца до осумгодишна возраст страдаат од респираторни инфекции, кои често се повторуваат. Симптомите може да вклучуваат црвено грло, отечени крајници, воспаление на синусите, кашлица, отежнато дишење и зголемено производство на бронхијални секрети. За жал, многу од овие деца честопати добиваат антибиотска терапија, која не е ефикасна против вирусот, а по долготрајна или честа употреба може да го ослабне имунолошкиот систем. Антибиотиците делуваат некое време, но кога повторно ќе дојдат во контакт со вирус, детето повторно се разболува.

Што е ГЕ КИДС?

100 отсто природен производ, а вашите деца ќе уживаат во миризливиот вкус на кајсии, прв производ наменет за деца за силен имунолошки систем. Педијатрите го препорачуваат бидејќи содржи внимателно избрана комбинација од седум активни состојки, погоден е за деца од тригодишна возраст и се препорачува:
на деца со ослабнат имунолошки систем, во случаи на повторување на заразни болести, кај честа употреба на антибиотици, кај воспалителни процеси, на деца склони кон алергии.

Што содржи?

Реиши печурка. Реиши печурка (Ganoderma lucidum), исклучително силен антиоксиданс, кој ги отстранува слободните радикали во телото и помага во детоксикација на телото на детето. Ова растение може да помогне да се неутрализираат тешките метали и медицинските токсини. Ја намалува штетата од слободните радикали во телото на детето. Ова е особено важно кога детето прима вакцини.

Матичен млеч. Има корисен ефект врз имунолошкиот систем на телото, изобилува со антибиотски и антивирусни својства. Ја враќа енергијата во клетките, го регенерира телото, го регулира метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Ресвератол. Екстрактот од црвено грозје содржи ресвератрол, кој е моќен полифенолен антиоксиданс. Има корисен ефект врз срцето и крвните садови. Има антивоспалителни и антивирусни својства. Често се користи како „заштитен фактор“ поради добрите антиоксидантни и вазопротективни својства.

Екстракт од шипинка. Содржи витамин Ц, а се користи за превенција при лекување на настинки и вирусни инфекции.

Бета-глукан. Бета-глуканите се познати како „модификатори на биолошкиот одговор“ поради нивната способност да го активираат имунолошкиот систем. Со вака активираниот одбранбен систем се произведува поголем број одбранбени клетки – војници, па организмот може да се бори против инфекции и клеточни мутации. На овој начин, телото создава најефикасен имунолошки одговор. Она што е важно е дека бета-глуканите му помагаат на телото точно да ги разликува „своите“ и да го прекине имунолошкиот одговор кога „напаѓачите“ (бактерии, вируси, габи и други инфективни агенси) се уништени, со што се спречува развојот на автоимуни заболувања.

Ликопен. Исклучително силен антиоксиданс – истражувањата покажаа дека е значително поефикасен во елиминирањето на слободните радикали од витаминот Е. Има силна заштитна улога.

Куркума. Антиоксиданс кој има антиинфламаторно, антитромбоцитно, антибактериско и габично дејство. Има ефект на детоксикација на телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб и му помага на телото да ги елиминира токсините со повисоки ефективни стапки.

 

x

Check Also

Производи неопходни за женското здравје – Јогурт против вагинални инфекции, авокадо против стареење

Жените живеат со забрзано темпо, водат сметка за семејството, за воспитувањето на ...