МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Кој ќе му се радува на снегот утре? Веруваме и вашите деца!

Дали сте подготвени за зимски ноќи? Подобро – подгответе се, зашто температурите се симнуваат длабоко под нулата. Подгответе ги со време и децата зашто многу студените денови се непосредно пред нас, не заборавајте дека за да се избегнат вирусните заболувања, вклучувајќи ја и пандемијата со корона вирус, мора да се внимава на одржувањето на редокс-рамнотежата. Односно, треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана. За децата – ова важи уште повеќе – зашто тие дополнително се изложени на зголемени контакти преку играта, во училиштата и во градинките. 

Како што веќе најавивме, утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и снег на пониските, и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално проврнување на дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Понатаму, во првите денови од следната недела под влијание на студена воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно со услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека на високите места и планините истите локално ќе се спуштат до околу -10 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека нè очекува ОСОБЕНО СТУДЕНО ВРЕМЕ, ве советуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесете и ТОПЛА облека и да работите на подигнувањето на имунитетот! 

Здравствен совет: Имунолошкиот систем кај децата не е доволно развиен, па затоа вирусите и бактериите побрзо се „лепат“ до нив. Многу деца до осумгодишна возраст страдаат од респираторни инфекции, кои често се повторуваат. Симптомите може да вклучуваат црвено грло, отечени крајници, воспаление на синусите, кашлица, отежнато дишење и зголемено производство на бронхијални секрети. За жал, многу од овие деца честопати добиваат антибиотска терапија, која не е ефикасна против вирусот, а по долготрајна или честа употреба може да го ослабне имунолошкиот систем. Антибиотиците делуваат некое време, но кога повторно ќе дојдат во контакт со вирус, детето повторно се разболува.

Што е ГЕ КИДС?

100 отсто природен производ, а вашите деца ќе уживаат во миризливиот вкус на кајсии, прв производ наменет за деца за силен имунолошки систем. Педијатрите го препорачуваат бидејќи содржи внимателно избрана комбинација од седум активни состојки, погоден е за деца од тригодишна возраст и се препорачува:
на деца со ослабнат имунолошки систем, во случаи на повторување на заразни болести, кај честа употреба на антибиотици, кај воспалителни процеси, на деца склони кон алергии.

Што содржи?

Реиши печурка. Реиши печурка (Ganoderma lucidum), исклучително силен антиоксиданс, кој ги отстранува слободните радикали во телото и помага во детоксикација на телото на детето. Ова растение може да помогне да се неутрализираат тешките метали и медицинските токсини. Ја намалува штетата од слободните радикали во телото на детето. Ова е особено важно кога детето прима вакцини.

Матичен млеч. Има корисен ефект врз имунолошкиот систем на телото, изобилува со антибиотски и антивирусни својства. Ја враќа енергијата во клетките, го регенерира телото, го регулира метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Ресвератол. Екстрактот од црвено грозје содржи ресвератрол, кој е моќен полифенолен антиоксиданс. Има корисен ефект врз срцето и крвните садови. Има антивоспалителни и антивирусни својства. Често се користи како „заштитен фактор“ поради добрите антиоксидантни и вазопротективни својства.

Екстракт од шипинка. Содржи витамин Ц, а се користи за превенција при лекување на настинки и вирусни инфекции.

Бета-глукан. Бета-глуканите се познати како „модификатори на биолошкиот одговор“ поради нивната способност да го активираат имунолошкиот систем. Со вака активираниот одбранбен систем се произведува поголем број одбранбени клетки – војници, па организмот може да се бори против инфекции и клеточни мутации. На овој начин, телото создава најефикасен имунолошки одговор. Она што е важно е дека бета-глуканите му помагаат на телото точно да ги разликува „своите“ и да го прекине имунолошкиот одговор кога „напаѓачите“ (бактерии, вируси, габи и други инфективни агенси) се уништени, со што се спречува развојот на автоимуни заболувања.

Ликопен. Исклучително силен антиоксиданс – истражувањата покажаа дека е значително поефикасен во елиминирањето на слободните радикали од витаминот Е. Има силна заштитна улога.

Куркума. Антиоксиданс кој има антиинфламаторно, антитромбоцитно, антибактериско и габично дејство. Има ефект на детоксикација на телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб и му помага на телото да ги елиминира токсините со повисоки ефективни стапки.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...