МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Многу студено време, да го направиме најдоброто што можеме за себе!

Средината на декември ни донесе многу променливо време и многу студ, а во повеќе делови од Македонија и снег. Па покрај борбата со коронавирусот, влеговме во сезоната на грипот кој често збунува со слични симптоми. Затоа, како никогаш претходно најнеопходно ни е во следниот период да го направиме најдоброто што можеме за себе и за својот имунитет.

Покрај основните чекори како здрава исхрана и соодветен внес на течности, избегнување затворени простори и гужви и редовно миење на рацете, неопходни ни се и додатоци во исхраната кои го зајакнуваат имунолошкиот одговор на телото за заштита од инфекции и го поддржуваат закрепнувањето на имунолошкиот систем.

Но, прво да ја разгледаме временската прогноза за следниве денови, а таа ни кажува:

До петок времето ќе биде стабилно, суво, сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури, особено утре и во четврток ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо попоски.

Според Попоски, повеќе облачност ќе имаме за време на викендот, кога поради јужното воздушно стуење и температурите ќе бележат тенденција на пораст и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.

И во Скопскиот регион до петок времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Минималната температура се очекува да се спушти до околу -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени. Нешто потопло ќе биде за време на викендот, кога ќе има појава и на умерена облачност. Максималната температура во Скопје за време на викендот ќе се искачи до околу 7 степени.

ЗДРАВСТВЕН СОВЕТ: Работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот во сезоната на сезонси грипови и вируси, а воедно и во борбата против коронавирусот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...