МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Нова нагла промена на времето, внимавајте на редокс-рамнотежата!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред нас се и повторно студени денови. Вирусните инфекции се во полн ек, пандемијата со коронавирусот повторно беснее, а да не заборавиме – зимските одмори почнуваат и децата сè повеќе меѓусебно се дружат. За да се избегнат вирусните заболувања, вклучувајќи ја и пандемијата со коронавирусот, мора да се внимава на одржувањето на редокс-рамнотежата. Односно, треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана.
За децата – ова важи уште повеќе – зашто тие дополнително се изложени на зголемени контакти преку играта.
Но прво да ја разгледаме временската состојба за следните неколку дена.
До среда времето ќе се задржи сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од југоисточен правец. Температурите остануваат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Потоа, од четврток па натаму, ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за повремен локален дожд и снег на планините. Температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
И во Скопскиот регион до среда времето ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени.
Повеќе облачност и услови за повремен локален дожд ќе има од четврток па натаму, а температурите ќе бележат тенденција на пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени.
НАПОМЕНА: Ве советуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО да работите на подигнувањето на имунитетот, вашиот и на вашите деца! 

Здравствен совет: Имунолошкиот систем кај децата не е доволно развиен, па затоа вирусите и бактериите побрзо се „лепат“ до нив. Многу деца до осумгодишна возраст страдаат од респираторни инфекции, кои често се повторуваат. Симптомите може да вклучуваат црвено грло, отечени крајници, воспаление на синусите, кашлица, отежнато дишење и зголемено производство на бронхијални секрети. За жал, многу од овие деца честопати добиваат антибиотска терапија, која не е ефикасна против вирусот, а по долготрајна или честа употреба може да го ослабне имунолошкиот систем. Антибиотиците делуваат некое време, но кога повторно ќе дојдат во контакт со вирус, детето повторно се разболува.

Што е ГЕ КИДС?

100 отсто природен производ, а вашите деца ќе уживаат во миризливиот вкус на кајсии, прв производ наменет за деца за силен имунолошки систем. Педијатрите го препорачуваат бидејќи содржи внимателно избрана комбинација од седум активни состојки, погоден е за деца од тригодишна возраст и се препорачува:
на деца со ослабнат имунолошки систем, во случаи на повторување на заразни болести, кај честа употреба на антибиотици, кај воспалителни процеси, на деца склони кон алергии.

Што содржи?

Реиши печурка. Реиши печурка (Ganoderma lucidum), исклучително силен антиоксиданс, кој ги отстранува слободните радикали во телото и помага во детоксикација на телото на детето. Ова растение може да помогне да се неутрализираат тешките метали и медицинските токсини. Ја намалува штетата од слободните радикали во телото на детето. Ова е особено важно кога детето прима вакцини.

Матичен млеч. Има корисен ефект врз имунолошкиот систем на телото, изобилува со антибиотски и антивирусни својства. Ја враќа енергијата во клетките, го регенерира телото, го регулира метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Ресвератол. Екстрактот од црвено грозје содржи ресвератрол, кој е моќен полифенолен антиоксиданс. Има корисен ефект врз срцето и крвните садови. Има антивоспалителни и антивирусни својства. Често се користи како „заштитен фактор“ поради добрите антиоксидантни и вазопротективни својства.

Екстракт од шипинка. Содржи витамин Ц, а се користи за превенција при лекување на настинки и вирусни инфекции.

Бета-глукан. Бета-глуканите се познати како „модификатори на биолошкиот одговор“ поради нивната способност да го активираат имунолошкиот систем. Со вака активираниот одбранбен систем се произведува поголем број одбранбени клетки – војници, па организмот може да се бори против инфекции и клеточни мутации. На овој начин, телото создава најефикасен имунолошки одговор. Она што е важно е дека бета-глуканите му помагаат на телото точно да ги разликува „своите“ и да го прекине имунолошкиот одговор кога „напаѓачите“ (бактерии, вируси, габи и други инфективни агенси) се уништени, со што се спречува развојот на автоимуни заболувања.

Ликопен. Исклучително силен антиоксиданс – истражувањата покажаа дека е значително поефикасен во елиминирањето на слободните радикали од витаминот Е. Има силна заштитна улога.

Куркума. Антиоксиданс кој има антиинфламаторно, антитромбоцитно, антибактериско и габично дејство. Има ефект на детоксикација на телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб и му помага на телото да ги елиминира токсините со повисоки ефективни стапки.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Продолжува периодот на дождови! Еве на што да внимавате најмногу!

Продолжува периодот на дождови! Но, и покрај тоа што ќе врне, ќе ...