МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Нова промена на времето, голема жештина! Внимавајте на здравјето!

Пролетта е во полн ек, но по овие посвежи денови ни доаѓа нов пораст на температурите!
Ќе биде забележан значителен раст на температурите, а на некое места во Македонија ќе достигнат и до 35 степени! Затоа внимавајте на здравјето, зашто во период на нагло променливо време, може да почувствуваме раздразливост и анксиозност, која се одразува и на квалитетот на сонот. 

Докажано е дека при промени на времето, често се соочуваме со нарушено спиење, плиток сон или пак проблеми со заспивањето.

Несоницата се јавува и при психички проблеми, најчесто при анксиозност, ако човек е изложен на хроничен стрес, ако чувствува вознемиреност, минува низ периоди на тага, но, со несоница сè почесто се соочуваат и младите, како последица на нездравиот живот. Несоницата се јавува и кога чувствуваме физичка болка, при нарушувања на тироидната жлезда, поточно хипертироидизам, во менопаузата и кај луѓе кои имаат стомачни проблеми.

Времето пак, пред нас, на средината на мај, со брзиот пораст на температурите само ја влошува ситуацијата со нарушениот сон, стресот и вознемиреноста.

Да ја разгледаме временската состојба за актуелниов период…

– Утре ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за попладневна локална нестабилност повторно ќе има во недела.

Што се однесува до температурите, тие од петок па за време на викендот, повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во нашата држава, и максималните дневни температури за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево.

Температурите повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа особено за време на викендот. Максималните дневни температури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Што да преземете од здравствен аспект за превенција против симптомите кои ги носи променливото време, како што се раздразливост, немир, нервоза и несоница?

Дали сте запознаени дека на македонскиот фармацевтски пазар присутен е природниот лек ВАМЕКС?

ВАМЕКС 130мг. претстсвува хербален лек, природен седатив, идеален и безбеден лек за самоуправување со стресните проблеми кои потекнуваат од нашето секојдневие.

Под поимот стрес се подразбираат надворешните влијанија на кои човекот не може да влијае, а на кои секојдневно е изложен. Се жали на стрес на работа, на училиште, дома, на шалтерите во продавници, а во исто време се чувствува немоќен да се спрви со стресот.

Стресот е состојба која е внатре во нас, претставува субјективно реагирање на личноста и е склоп од емоцијална, физичка, физиолошка реакција кои се јавуваат кога личноста нема капацитет да ја реши постоечката ситуација. Ова не доведува до дефиницијата дека стресот претставува напор на телото и потекнува од англ. збор stress што во слободен превод значи удар.

Кога стресот ќе се наталожи, човекот се чувствува уморен, исцрпен, пати од несоница, главоболка, губи апетит, неспособен е да ужива во животот, добива напади на плачење и паника.

Стресот има негативни последици како на психичката состојба така и на физичката активност, продуктивност како и на квалитетот на животот воопшто. Долгорочна изложеност на стрес може да доведе до сериозни здравствени проблеми: диабетес, зголемен крвен притисок, зголемен ризик од срцев напад и мозочен удар, дебелина, неплодност, дигестивни проблеми (чир, колитис).
WHO (Светска Здравствена Организација) стресот го дефинира како епидемија на 21. век со прогноза дека до 2030. година стресот ќе биде здравствен проблем број 1, бомба на која седиме а може да експплодира во секој момент. Заради сето ова, соодветно и навремено, треба да се реагира, превенира уште во најрана фаза на појава на синдромот стрес.

Ефикасноста на хербалниот лек ВАМЕКС 130мг. при:
– Несоница,за регулирање и нормализирање на сонот,
– Емоционален и ментален стрес, и
– Анксиозни состојби, психичка напнатост и

Како додатна терапија при:
– Алцхајмерова болест
– Инфекција со Херпес симплекс
– Надуеност на цревата

Доаѓа од идеалната комбинација на три растенија:
– Сув екстракт од корен од Valeriana officinalis (Валеријана, Маче трева) 90 мг. ,
– Сув екстракт од лист од Melisa officinalis (Маточина, Лимон трева) 25мг
– Сув екстракт од цвет од Humulus lupulus (Хмељ) 15мг.

Valeriana officinalis (Валеријана, Маче трева) е растение, билка која ја користеле древните култури. Грчкиот лекар Discorides, го користел коренот како лек за ,,нервозно срце,,. Galen kako средство при несоница и нервни растројства. Од 1980 година се започнува со масовно користење на Валеријаната како седатив во: Белгија, Германија, Швајцарија, Франција (порошувачка од 50 тони на корен од Валеријана годишно). Европската Медицинска Агенција (ЕМЕА) и Енциколпедијата на природни призводи го промовира коренот од Валеријана како седатив и како средство кое може да се користи при: нервоза, физички напор, несоница, мускулна болка, главоболка, менстроални болки, мигрена и депресија.

Овие ефекти доаѓаат од присутната Валеренска киселина која делува преку зголемување на количината на нервниот трансмитер GABA (Гама Амино Бутерна Киселина) со што се блокира ензимот кој може да го уништи. GABA (Гама Амино Бутерна Киселина) е регулатор на психичките растројства и анксиозност. Од Европската Медицинска Агенција (ЕМЕА) Валеријаната е класифицирана како GRAS ( Generally Recogized And Safe) што во слободен превод значи Призната како безбедна билка за корисење.

Melisa officinalis (Маточина, Лимон трева) се користи уште од 16 век како средство за релаксација, и при меланхолија. Европската Медицинска Агенција (ЕМЕА) и Енциколпедијата на природни призводи го промовира сувиот екстракт од лист: за редукција, намалување на стрес, депресија, возбуда, се користи при замор, потење на дланките, за намалување на стрес и депресија, нарушено спиење, го подобрува квалиетот на сонот, при надуеност и гасови во стомакот.

Овие ефекти доаѓаат од присутната Розмаринска киселина која со својот невропротективен ефект, ја спречува агрегацијата, слепувањето на амилоид пептидите со што ја одложува прогресијата на Алцхајмерова болест а ја намалува и вознемиреноста кај овие пациенти. Розмаринската киселина го инхибира растот на вирусот на Herpes Simplex (HSV tip1) преку оневозможување на негов влез во клетка со што помага да не дојде до негово ширење (Швајцарските и Америчките научници во 2012. година докажаа дека вирусот на Herpes Simplex се активира при состојба на стрес и недоволно сон).

Humulus lupulus (Хмељ) како лековита билка почнува да се користи во почетокот на 19 век како билка која го потикнува спиењето ( кралот Џорџ III спиел на перница полнета со цветови од Хмељ). Во 1978. година WHO (Светска Здравствена Организација) го потврди седативното дејство на хмељот со што почна неговата масовна употреба при:
пореметување на сонот, психолошки и емоционален стрес, ги ублажува симптомите на менопауза, при третман на диспепсија (варење на храната), при зголемена гастрична секреција.

Овие ефекти се резултат на присутните флавоноиди ( во ВАМЕКС 130мг. изразени се преку Rutin), присутниот 2-metil-3-buten-2-ol кој ја потенцира и зголемува количината и активноста на GABA (Гама Амино Бутерна Киселина).

Хербалниот лек, природен седатив ВАМЕКС 130мг. е наменет за долготрајна терапија, не предизвикува зависност. Може да се зема 1-4 пати на ден по 1 таблета со чаша вода. При несоница се зема по 1 таблета непосредно или 2 часа пред спиење.

ВАМЕКС 130мг. не се препоречува за користење кај трудници, доилки и деца помлади од 12 години. Не се препорачува возење или ракување со машини за време на користење на ВАМЕКС.

Составот на хербалниот лек ВАМЕКС 130мг. е одобрен од Европската Медицинска Агенција (ЕМЕА ) а готовиот лек е испитан во Центарот за природни производи, Катедра за Фармакогнозија, Фитохемија и Фармацевтска ботаника, при Фармацевтскиот факултет Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Скопје.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Рано летни температури! Како промените влијаат на здравјето?

По ветровите, дождовите и значителниот пад на температурата во екот на пролетта ...