МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Период на многу топло време, до 18 степени! Затоа, започнете ја здраво новата 2022 година, со цврсти одлуки!

Во време на пандемија на ковид-19, но и во зимската сезона на многу променливо време со високи распони во температурните разлики и без вообичаениот снег, како што е случај оваа седмица, кога присутни се и други вирусни инфекции, многу е важно одржувањето на редокс-рамнотежата, особено кај метеопатите, односно треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана.

Лошите вести се што тенденцијата на неумерени температури односно на НАДПРОСЕЧНИ за овој период од годината продолжува. А, тоа и тоа како, влијае на нашето здравје.

Но, да ја разгледаме прво временската ситуација за денес и следниве денови.

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

За време на новогодишната ноќ пак, времето ќе биде ведро и не многу студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат во интервалот од 0 до 6 степени.

Во првите неколку денови од новата 2022 година времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и во следните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени. Позитивни ќе бидат и минималните утрински температури.

И во Скопскиот регион во првите денови од новата 2022 година времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Утре ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите во текот на следните неколку денови ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени.

ЗДРАВСТВЕНА ПРЕПОРАКА:

Внимавајте на здравјето во периодов на страшно променливо време со значително натрпосечни температури за овој период од годината!

И работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Натпросечно топли температури, проверете кога ќе има нагла промена на времето ужасна за здравјето!

Продолжува периодот на страшно променливо време, на невообичаено топли денови, а пред ...