МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните се менуваат без преодни периоди, а дневните разлики во температурата понекогаш се застрашувачки. Метеоролошките услови имаат големо влијание врз здравјето, а речиси половина од светското население страда од проблемите предизвикани од промената на времето.

Променливото време, за жал, продолжува на територијата на Македонија. За време на овој викенд времето во Македонија ќе биде претежно сончево, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, додека утре ветерот насекаде ќе биде со слаб до умерен интензитет, и од јужен и од југоисточен правец.

Наутро, и тоа особено денес ќе биде постудено и минималните температури понекаде ќе се спуштат за некој степен под нулата, и тоа поради ведрото време, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.

ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ ПРЕТЕЖНО СОНЧЕВО, САМО ДЕНЕС ПРЕТПЛАДНЕ СО ПОЈАВА НА УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ. ДЕНЕС ИСТО ТАКА ЌЕ ДУВА УМЕРЕН, ПОВРЕМЕНО ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ОД СЕВЕРЕН ПРАВЕЦ. ДОДЕКА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОВ ЌЕ СЕ ИСКАЧУВААТ ВО ИНТЕРВАЛОТ ПОМЕЃУ 13 И 15 СТЕПЕНИ.

Во почетокот од следната недела пак, ќе има ново зголемување на облачноста, кое ќе услови повремени локални врнежи од дожд.

Совет – Внимателноста не е на одмет, особено кога се актуелни ваквите временски екстремни температурни разлики!

Сите реагираат на временските осцилации, во помала или поголема мера, но тие се најтешки за поднесување за хроничните пациенти. И покрај редовното спроведување на пропишаната терапија, симптомите на основната болест се интензивираат, а метеоропатски проблеми се поизразени и кај жените во менопауза. За разлика од хроничните пациенти, поради промените на времето, релативно здравите луѓе често не знаат да кажат зошто имаат проблеми. Истражувањата покажаа дека метеорологијата најчесто ги погодува децата помлади од петнаесет години и луѓето постари од педесет години.

Облачното време без сонце, како што е случајов со актуелната временска прогноза во Македонија, предизвикува недостаток на енергија дури и кај релативно здрави луѓе – се јавува чувство на поспаност, неволност, губење на енергија, а понекогаш и вртоглавица и главоболка.

Затоа, чувајте си го здравјето особено во периодов на страшно променливо време! И работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

x

Check Also

Производи неопходни за женското здравје – Јогурт против вагинални инфекции, авокадо против стареење

Жените живеат со забрзано темпо, водат сметка за семејството, за воспитувањето на ...