МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Снег на прагот и во вашиот град, да ѝ се радуваме безгрижно на претпразничната (студена) сезона!

Есента е во полн ек, а ни се ближи и снегот! Не само на виоските места низ Македонија, не само на планините, туку и на пониските места. Следува период кога неизбежно, поради студот кој ни е пред врата, најмногу ќе бидеме дома, помалку ќе се движиме и уште поретко ќе излегуваме на воздух. Есенската детоксикација на организмот е најдобриот начин да се подготвиме за претстојниот период на вируси, настинка и недостаток на сонце. Секако, мора да работиме на подобрување на имунитетот, не само поради зимата туку и поради пандемијата која, за жал, зема замаф.

Прво, да го разгледаме времето во следните три дена.

Во остатокот од од овој викенд времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните предели. Утре доцна попладне и навечер врнежите ќе се прошират на повеќе места и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ во западните предели. Ќе има услови и за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи, додека на високите планини ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец и истот на некои места ќе биде и СИЛЕН (над 70 км/час).

Поради јужното воздушно струење, викендов температурите ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. Вкупното количество на воден талог во западните предели во следниот период ќе надминува 50 л/м2. Во Скопскиот регион викендов времето ќе биде променливо облачно, особено утре доцна попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат до околу 16 степени.

Поголемо заладување, проследено со засилен северен и северозападен ветер и услови за провејување на снег и на некои места со помала надморска височина се очекува во почетокот од следната недела, односно во вторник.

Чувајте си го здравјето во периодов на дождови! И работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Продолжува периодот на дождови! Еве на што да внимавате најмногу!

Продолжува периодот на дождови! Но, и покрај тоа што ќе врне, ќе ...