МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Страшни промени на температурите во текот на денот, работете на зајакнување на имунитетот!  

Во време на пандемија на ковид-19, но и во есенската сезона на многу променливо време со високи распони во температурните разлики, како што е случај оваа седмица, кога присутни се и други вирусни инфекции, многу е важно одржувањето на редокс-рамнотежата, особено кај метеопатите, односно треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана.

И денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа, во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност, а особено во четврток во западните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во четврток кон крајот на денот и навечер, како и во петок и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Наутро и понатаму ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Затоа, чувајте си го здравјето особено во периодов на страшно променливо време! И работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот!

Ge 132+ Natural содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време во екот на пандемијата со коронавирус, се таргет на голем број експертски и медицински истражувања. Заклучокот е следен: компонентите на овој препарат имаат силна антиоксидативна активност. Всушност, испитувањата покажаа дека GE 132+ Natural силно ја намалува продукцијата на слободни радикали во споредба со добро познатиот антиоксиданс N-ацетил цистеин. Максималниот ефект за зафаќање на слободните радикали се постигнува и при многу ниски концентрации и овој ефект е најблизок до ефектот на силно познатиот антиоксиданс Trolox C.

Станува збор за комплексен препарат, кој содржи:

– екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем,

– матичен млеч, кој има антибактериска и антивирусна активност,

– резвератрол (полифенол од групата стилбени и го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност),

– ликопен (каротеноид, антиоксидант кој го врзува кислородот),

– сулфорафан (изотиоцијанат, вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Понатаму, студиите потврдија дека:

– GE 132+ Natural има висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа.

– Ја подобрува општата здравствена состојба, има силна антиоксидативна активност, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, пројавува антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови.

– Корисен е за подобро функционирање на имунолошкиот систем и за таа цел најчесто се препорачува во превентивни цели по една капсула на ден, но особено е важен кај лица кои прележале вирусна инфекција или имале оперативен зафат, бидејќи е добар енергетик и го регенерира телото во периодот на реконвалесценција.

– Го регенерира рековалесцентниот организам, па затоа во поново време се препорачува како пост-ковид терапија.

ГЕ 132 + натурал (GE 132 + Natural) се смета за едно од најголемите откритија во нутритивниот пристап кон надминување на состојбите предизвикани од разни вирусни заболувања, како и за превенција и лекување од вирусни инфекции, вклучувајќи го и коронавирусот.

 

x

Check Also

Како да ги отстраните дамките од акни на вашето лице?  

Акните се скоро неизбежен дел од животот и можат да се појават ...