МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Вимание – мраз и огромен студ! Што направивте за вашите деца?

Дали сте подготвени за првата вистинска зимска ноќ за оваа сезона? Подобро – подгответе се, зашто температурите се симнуваат длабоко под нулата. Подгответе ги со време и децата зашто многу студените денови се неподредно пред нас, не заборавајте дека за да се избегнат вирусните заболувања, вклучувајќи ја и пандемијата со корона вирус, мора да се внимава на одржувањето на редокс-рамнотежата. Односно, треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана. За децата – ова важи уште повеќе – зашто тие дополнително се изложени на зголемени контакти преку играта, во училиштата и во градинките. 

До крајот на денов врнежите насекаде ќе престанат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа, утре и во четврток, ќе имаме стабилно и суво време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Токму поради разведрувањето, наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе бидат НЕГАТИВНИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, а на планинските места истите ќе се спуштат дури и под -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопскиот регион, утре и во четврток времето ќе биде стабилно и суво, додека минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат до околу -5 степени. Локално не се исклучува можноста истите да се спуштат и под -5 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 10 степени.

Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините, како што најавивме се очекува во петок, како и за време на викендот.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека вечерва и во текот на претстојната ноќ, но и во четврток наутро се очекува ОСОБЕНО СТУДЕНО ВРЕМЕ, ве советуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО со вас да си понесете и ТОПЛА облека и да работите на подигнувањето на имунитетот! Токму овој студен бран од север ќе го донесе и првиот посериозен мраз за оваа сезона.

Здравствен совет: Имунолошкиот систем кај децата не е доволно развиен, па затоа вирусите и бактериите побрзо се „лепат“ до нив. Многу деца до осумгодишна возраст страдаат од респираторни инфекции, кои често се повторуваат. Симптомите може да вклучуваат црвено грло, отечени крајници, воспаление на синусите, кашлица, отежнато дишење и зголемено производство на бронхијални секрети. За жал, многу од овие деца честопати добиваат антибиотска терапија, која не е ефикасна против вирусот, а по долготрајна или честа употреба може да го ослабне имунолошкиот систем. Антибиотиците делуваат некое време, но кога повторно ќе дојдат во контакт со вирус, детето повторно се разболува.

Што е ГЕ КИДС?

100 отсто природен производ, а вашите деца ќе уживаат во миризливиот вкус на кајсии, прв производ наменет за деца за силен имунолошки систем. Педијатрите го препорачуваат бидејќи содржи внимателно избрана комбинација од седум активни состојки, погоден е за деца од тригодишна возраст и се препорачува:
на деца со ослабнат имунолошки систем, во случаи на повторување на заразни болести, кај честа употреба на антибиотици, кај воспалителни процеси, на деца склони кон алергии.

Што содржи?

Реиши печурка. Реиши печурка (Ganoderma lucidum), исклучително силен антиоксиданс, кој ги отстранува слободните радикали во телото и помага во детоксикација на телото на детето. Ова растение може да помогне да се неутрализираат тешките метали и медицинските токсини. Ја намалува штетата од слободните радикали во телото на детето. Ова е особено важно кога детето прима вакцини.

Матичен млеч. Има корисен ефект врз имунолошкиот систем на телото, изобилува со антибиотски и антивирусни својства. Ја враќа енергијата во клетките, го регенерира телото, го регулира метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Ресвератол. Екстрактот од црвено грозје содржи ресвератрол, кој е моќен полифенолен антиоксиданс. Има корисен ефект врз срцето и крвните садови. Има антивоспалителни и антивирусни својства. Често се користи како „заштитен фактор“ поради добрите антиоксидантни и вазопротективни својства.

Екстракт од шипинка. Содржи витамин Ц, а се користи за превенција при лекување на настинки и вирусни инфекции.

Бета-глукан. Бета-глуканите се познати како „модификатори на биолошкиот одговор“ поради нивната способност да го активираат имунолошкиот систем. Со вака активираниот одбранбен систем се произведува поголем број одбранбени клетки – војници, па организмот може да се бори против инфекции и клеточни мутации. На овој начин, телото создава најефикасен имунолошки одговор. Она што е важно е дека бета-глуканите му помагаат на телото точно да ги разликува „своите“ и да го прекине имунолошкиот одговор кога „напаѓачите“ (бактерии, вируси, габи и други инфективни агенси) се уништени, со што се спречува развојот на автоимуни заболувања.

Ликопен. Исклучително силен антиоксиданс – истражувањата покажаа дека е значително поефикасен во елиминирањето на слободните радикали од витаминот Е. Има силна заштитна улога.

Куркума. Антиоксиданс кој има антиинфламаторно, антитромбоцитно, антибактериско и габично дејство. Има ефект на детоксикација на телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб и му помага на телото да ги елиминира токсините со повисоки ефективни стапки.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Продолжува периодот на дождови! Еве на што да внимавате најмногу!

Продолжува периодот на дождови! Но, и покрај тоа што ќе врне, ќе ...