МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Во кои краеви на Македонија ќе доминираат врнежите и како да ги заштитите децата од вируси

Во време на пандемија на ковид-19, но и во есенската сезона на многу променливо време со високи распони во температурните разлики, како што е случај оваа седмица, кога присутни се и други вирусни инфекции, многу е важно одржувањето на редокс-рамнотежата, односно треба да го зголемиме внесот на антиоксиданси од исхраната или во форма на додатоци на исхрана. Не заборавајте дека истото важи и за децата кои пак, дополнително се изложени на зголемени контакти преку играта, во училиштата и во градинките. 

Времето во Македонија останува променливо, од утре па натаму ќе има зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите повеќе ќе ги има во западните и јужните предели од државава, и истите таму ќе бидат со умерен интензитет, додека на другите места врнежите ќе бидат послаби. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец, додека во вторник ветерот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.

И во Скопскиот регион од утре ќе има зголемување на облачноста која ќе биде проследена со повремен локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер, утре од југоисточен, додека во вторник ветерот ќе биде од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени.

Во периодов на страшно променливо време, внимавајте на здравјето и на здравјето на вашите деца. Работете на значително подобрување и зајакнување на имунитетот кај децата кои се изложени на постојан контакт со други деца во градинките и во училиштата!

Здравствен совет: Имунолошкиот систем кај децата не е доволно развиен, па затоа вирусите и бактериите побрзо се „лепат“ до нив. Многу деца до осумгодишна возраст страдаат од респираторни инфекции, кои често се повторуваат. Симптомите може да вклучуваат црвено грло, отечени крајници, воспаление на синусите, кашлица, отежнато дишење и зголемено производство на бронхијални секрети. За жал, многу од овие деца честопати добиваат антибиотска терапија, која не е ефикасна против вирусот, а по долготрајна или честа употреба може да го ослабне имунолошкиот систем. Антибиотиците делуваат некое време, но кога повторно ќе дојдат во контакт со вирус, детето повторно се разболува.

Што е ГЕ КИДС?

100 отсто природен производ, а вашите деца ќе уживаат во миризливиот вкус на кајсии, прв производ наменет за деца за силен имунолошки систем. Педијатрите го препорачуваат бидејќи содржи внимателно избрана комбинација од седум активни состојки, погоден е за деца од тригодишна возраст и се препорачува:
на деца со ослабнат имунолошки систем, во случаи на повторување на заразни болести, кај честа употреба на антибиотици, кај воспалителни процеси, на деца склони кон алергии.

Што содржи?

Реиши печурка. Реиши печурка (Ganoderma lucidum), исклучително силен антиоксиданс, кој ги отстранува слободните радикали во телото и помага во детоксикација на телото на детето. Ова растение може да помогне да се неутрализираат тешките метали и медицинските токсини. Ја намалува штетата од слободните радикали во телото на детето. Ова е особено важно кога детето прима вакцини.

Матичен млеч. Има корисен ефект врз имунолошкиот систем на телото, изобилува со антибиотски и антивирусни својства. Ја враќа енергијата во клетките, го регенерира телото, го регулира метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува крвната слика.

Ресвератол. Екстрактот од црвено грозје содржи ресвератрол, кој е моќен полифенолен антиоксиданс. Има корисен ефект врз срцето и крвните садови. Има антивоспалителни и антивирусни својства. Често се користи како „заштитен фактор“ поради добрите антиоксидантни и вазопротективни својства.

Екстракт од шипинка. Содржи витамин Ц, а се користи за превенција при лекување на настинки и вирусни инфекции.

Бета-глукан. Бета-глуканите се познати како „модификатори на биолошкиот одговор“ поради нивната способност да го активираат имунолошкиот систем. Со вака активираниот одбранбен систем се произведува поголем број одбранбени клетки – војници, па организмот може да се бори против инфекции и клеточни мутации. На овој начин, телото создава најефикасен имунолошки одговор. Она што е важно е дека бета-глуканите му помагаат на телото точно да ги разликува „своите“ и да го прекине имунолошкиот одговор кога „напаѓачите“ (бактерии, вируси, габи и други инфективни агенси) се уништени, со што се спречува развојот на автоимуни заболувања.

Ликопен. Исклучително силен антиоксиданс – истражувањата покажаа дека е значително поефикасен во елиминирањето на слободните радикали од витаминот Е. Има силна заштитна улога.

Куркума. Антиоксиданс кој има антиинфламаторно, антитромбоцитно, антибактериско и габично дејство. Има ефект на детоксикација на телото, ја подобрува функцијата на црниот дроб и му помага на телото да ги елиминира токсините со повисоки ефективни стапки.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...