Метропол Монте Карло ги отвори вратите на Одисеј дизајниран од Лагерфелд

Прочуениот хотел Метропол во Монте Карло отвори ресторан и бар под отворено небо осмислен и дизајниран од Карл Лагерфелд.

odisej 4Ресторан Одисеј се отвори минатиот август, а ова лето е главно собиралиште на гостите на Монте Карло. Освен со фантастичниот дизајн, може да се пофали и со богатата кујна под водство на ѕвездата Жоел Робушон, добитник на неколку Мишелин ѕвезди. Гостите можат да уживаат во врвните специјалитети покрај базенот.

odisej 2 За да стави акцент на медитеранскиот концепт, Лагерфилд си поиграл со муралот, додека шефот на кујната експериментира со комбинациите на медитеранската кујна со специјалитети преземени од Франција, Шпанија, Грција, Италија, па дури и од Либан.

odisej 3

 

odisej 5

Лагерфелд учествуваше и во редизајнот на неколку луксузни соби на хотелот.

odisej 6

 

x

Check Also

Два нови вкуса двопек од Жито Лукс

Жито Лукс лансира два нови вкуса двопек, Пченичен со сусам и просо ...