Метросексуалец? Не, новиот тренд е спорносексуалец

Метросексуалецот е мртов, да живее спорносексуалецот. Иако, ако некој нас не прашува, метросексуалците се грижеа премногу за своето тело ама овие новиве се грижат премногу за своето тело на сметка на умот.

sp755

Британскиот новинар Марк Симпсон, познат по кованицата метросексуалец, тврди дека се појавил нов тренд, поточно нов тип на мажи кои одат уште чекор понапред (од преголемата грижа за своето тело). Станва збор за нова кованица – спорносексуалец. Тоа се оние мажи кои не само што се опседнати од сопствениот изглед туку и уживаат да  постираат „селфи“ фотографии од своите голи тела на социјалните мрежи.

Зборот спорносексуалец е кованица од спорт и порно. Теоријата на Симпсон вели дека со порастот на „селфи“ фотографиите, масовната употреба на социјалните мрежи, но и порастот на порнографијата, се создала нова голема група на мажи опседнати со своите тела и желбата да бидат телесно пожелни. На овие мажи, според Симспон, интелектот, па и убавата облека им значат далеку помалку.

Новиот термин спорносексуалец со брзина на молња се пренесе и во САД, а медиумите веќе почнаа да прават листи на најпосакувани спорносексуалци. Британскиот телеграф пак, на својата листа ги смести и Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо и Рафаел Надал.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...