Мезе за двајца: Фонду на француски начин

Романтично предјадење за двајца со специфичен вкус и мириз кое е мерак за непцето. Послужете го со чаша бело вино од винарија Тиквеш, за врвно задоволство.

fond 9

Потребни намирници – 250 грама гауда, 250 грама едамер, 2 лажици скроб, 1 чаша бело вино, 1 чешне лук, 1 лажица лимонов сок, сад за фонду. За макање – коцки леб, маслинки, брокула, сезонски зленчук по желба.

Доколку немате сад за фонду може да го направите сами. Се што ви е потребно се свеќи, лонец и метална решетка на која ќе го ставите лонецот. Може да ја користите решетката од рерната, од плинскиот шпорет или решетката која служи како кујнски подметнувач за жешки лонци.

Подготовка

Изрендајте го сирењето во посебен сад и додадете две лажици скроб, па измешајте убаво. Садот за готвење убаво премачкајте го со лук и додадете бело вино и лимонов сок. На тивок оган варете, кога ќе се појават првите балончиња полека доддете го ренданото сирење, постојано мешајќи. Намалете ја температурата на минимум и со вилушки макајте ги парчињата леб и зеленчукот во растопеното сирење.

x

Check Also

В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити

Жителите на Аеродром и станарите на Џевахир Скај Сити комплексот, овој празничен викенд ќе ...