Мезе за уживање: Лижавчиња од пилешки крилца

Крилцата преполовете ги кај зглобот, со рака спуштете го месото малку надолу, извадете ја малечката коскичка, а со нож отсечете го вишокот на крилцата. Ваквите лижавчиња може да ги маринирате, пржите, печете на скара или во рерна, и да ги послужувате со различни сосови.

Потребни намирници – 10 пилешки крилца, 1 потрокал, половина лажичка мед, 15, дл соја-сос, 1 чешне истолчен лук, 1 лажиче ѓумбир во прав, 1 лажиче куркума во прав, сол и црн пипер.

Подготовка

За маринирање помешајте го сокот од портокал со исренданата кора од портокал, медот, кукрумата, соја-сосот, ѓумбирот и лукот.

Крилцата преполовете ги кај зглобот, па повлечете го месото кон долу. Отсранете ја малечката коска и исечете ги остатоците за да добиете „батачиња“.

Ставете ги крилцата во подготвената маринада и оставете ги да отстојат два три часа (или преку ноќ).

Извадете ги крилцата од маринадата, па ставете ги во претходно намачкана тава за печење. Печете на 200 степени.

Маринадата загрејте ја и варете ја додека не се редуцира, па пред крајот на печењето премачкајте го месото и вратете ги крилцата во рерна се додека убаво не заруменат.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...