Славните Ролинг Стоунс в сабота ќе настапат на музичкиот Гластонбери фестивал, а 69 годишниот музичар одлучи престојот да го направи со многу стил.
Џегер одбра луксузно кампување во јурта ( живеалите за некои номадски народи, направено од дрвен скелет и покриено со филц или со кожа), во која ноќевање чини 3.000 фунти.
Дрвената јурта располага со огромен кревет. Но барањата на ѕвездата не завршија тука.
Покрај оваа луксузна јурта која е донесена специјално за него не далеку од местото каде што ќе се случува забавата, Џегер ќе имаа пристап до раскошен тоалет и туш кабина.
Веднаш до јуртата ќе биде поставен и специјален ресторан за него, со врвни готвачи, а возач со кабриолет ќе го пренесува од јуртата до сцената.
Јуртата за Џегер е поставена од компанијата „sshh“, која ги обезбеди нарачаните материјали – дрвени подови, номадски канделабри, лен со квалитет од пет ѕвездички и современ мебел за специјалниот клиент.
Инаку на Гластонбери, еден од најславните музички фестивали во светот, Стоунси ќе настапат в сабота, а покрај нив на фестивалот ќе имаат настап и Арктик Манкис, Елвис Костело и Смешинг Пампкинс. Околу 135.000 луѓе веќе ги запоседнаа шаторите поставени околу сцените.