Минатогодишните победнички

Мики Црнокрак: Сите доживеавме едно прекрасно „благодарам“ од Велковска!

Во редакцијата на макмода.ком пристигна имеил од Модното студио Црнокрак во кој се објаснува како изгледал изборот на Мис на Македонија за Мис на светот. Ви ја пренесуваме содржината:

„Во клубот Театро во центарот на Скопје по неколку неуспешни обиди требаше да се одржи последното жирирање наместо избор за Мис на Македонија 2014 за Мис на светот, на кое требаше да се избере девојка која ќе ја претставува нашата држава на најголемиот светски избор за убавина кој ќе се одржи во Лондон следниот месец.

Но, бевме сведоци на уште еден голем скандал, уште еден голем срам, традиционално веќе кога Лидија Велковска е во прашање, овојпат најголем. Изборот, жирирањето, кастингот, или како уште не го нарече организаторката, некако започна со два часа задоцнување, исклучително по вина на организаторката, а веќе се создаде голема нервоза меѓу кандидатките, гледачите, новинарите и жири- комисијата која ги доби гласачките листови на кои пишуваше како треба да се избере победничката за Мис на Македонија 2014. 12-те финалистки се појавиа во првото од трите предвидени претставувања и кога тие се подготвуваа за второто, членовите на жири комисијата и новинарите лично од Лидија Велковска добија листови на кои имаше соопштение во кое пишуваше дека тие всушност присуствуваат на кастинг на кој од 12 се избираат 6 девојки кои ќе бидат во конкуренција за Мис на Македонија за Мис на светот, но за 2015 година, а дека избор за 2014 година нема ни да има и дека победничка за 2014 нема да има…Изборот беше прекинат бидејќи девојките не сакаа да бидат дел од тоа небулозно сценарио на Велковска за кое само таа знаеше и никој друг завчера вечер во Театро“.

Од минатогодишниот избор на Мис на Македонија за Мис на светот

Од минатогодишниот избор на Мис на Македонија за Мис на светот

„Модното студио Црнокрак пред неколку дена, на покана на сопственикот на клубот Театро реши да помогне во реализација на овој избор за после неколку неуспешни обиди сепак некако да успееме да избереме Мис на Македонија 2014 за Мис на светот. Бидејќи имаме повеќе од 20 -годишно искуство во организација на вакви настани, се согласивме да помогнеме и да го организираме изборот за само два дена. Бидејќи организаторката имаше само една пријавена девојка, обезбедивме девет од Модното студио Црнокрак, дополнително уште две девојки имаше од Кворум моделс, вкупно 12 девојки од кои 7 дојдоа од внатрешноста специјално за изборот…Обезбедивме облека во која девојките требаше да се претстават, стилисти кои ги затворија салоните за да дојдат во клубот Театро и цел ден ги подготвуваа девојките за настап, жири-комисија…Но сите доживеавме едно прекрасно благодарам од организаторката која цела вечер не ја симна насмевката од лицето и без најмалку срам се потсмеваше на сите присутни кои вечерта се најдоа во Клубот Театро…“, вели Мики Црнокрак.

 

x

Check Also

Црни модни изгледи за зима 2019/20 од & Other Stories

„Фрлете“ погледн на црните модни комбинации од модната марка & Other Stories дизајнирани ...