Од ревијата на Кадриу во Скопје

Мила Кадриу со ревија во Приштина, а Росица Мршиќ во Нови Сад

Македонски дизајнери учествуваат на регионалните модни ревии, Кадриу во Приштина, Мршиќ во Нови Сад.

Ноќ на модата во Приштина

Ноќ на модата во Приштина

Како специјални гости од Моден викенд Скопје дизајнерката Росица Мршиќ месецов ќе учествува на српската Модна недела, додека моделите на Мила Кадриу ќе се презентираат на модна манифестација во Приштина.

Модна недела во Србија

Модна недела во Србија

Mcouture by Мила Кадриу, која во рамките на пролетниот Моден викенд Скопје направи моден бранч, ќе биде дел од Ноќ на модата Приштина (Prishtina Fashion Night) на 18 април, вечер во која ќе бидат прикажани модели на повеќе дизајнерски имиња и брендови.

Од таму најавуваат гостување и на директорите на пет модни недели од различни земји. Покрај манекенките од Албанија и од Германија ќе бидат ангажирани и манекенки од модната агенција „Подиум“ од Скопје.

Росица Мршиќ

Росица Мршиќ

На Модната недела во Србија (Serbia Fashion Week), која ќе се одржи од 22 до 26 април во Нови Сад, Росица Мршиќ пред српската публика ќе се претстави на 24 април.

Организаторите од Србија за ова издание најавуваат гостување на повеќе светски имиња, меѓу кои и познатиот Ејмерик Франсоа, кој ќе биде во улога на официјален бекстејџ координатор и предавање на Доналд Потард, поранешен генерален директор на модната куќа Jean Paul Gaultier и советник на Paco Rabanne, Kenzo Takada, Chantal Thomass, Vivienne Westwood, Alexander McQueen, Donna Karan и други, соопштија од Моден викенд Скопје.

x

Check Also

Нови модни парчиња од & Other Stories инспирирани од 80.те години

Популарната модна марка & Other Stories продолжува да го поддржува трендот од 80-те ...