Пет работи што може да ги правите во Милано за време на Модната недела

Што е ново во Милано? Што може да правите (што до сега не сте го правеле) за време на Модната недела во овој град.

milano 3По три години реставрација отворен е Музејот Дуомо. Тука може да откриете се што до сега не сте знаеле за прекрасната катедрала Дуомо. Изложбата која содржи документи, снимки и фотографии е сместена во огромен простор од 2.000 квадратни метри, поточно во 27 простории.

milano 5Би можеле да го посетите ресторанот Бертон, отворен неодамна. Се наоѓа на улицата Либерационе 13, во  Порта Нуова. Ресторанот го раководи прочуениот готвач Андреа Бертон, а менито содржи традиционална италијанска храна, всушност фантастични специјалитети!

milano 1Немате многу време, до 26 јануари во Палацо Реале отворена е изложбата на францускиот прочуен скулптор Огист Роден. Изложени се 60 скулптури. Станува збор за уникатна изложба бидејќи никогаш претходно не била направена ваква ретроспектива на делата на Роден.

milano 4Ако сте во Милано за време на Модната недела не го пропуштајте Палацо Морандо, прекрасна палата од 18.век, каде е изложена колекцијата на слики од славни сликари од времето на ренесансата. Колекцијата е збогатена со костими, материјали и модни додатоци од тој период.

milano 2Ако сте за добра закуска и релаксирање, Ел Буша е вистинското место. Барот е отворен пред неколку месеци и веројатно тука ќе ги најдете најдоброто „просеко“ (пенливо вино), пршут и шампањ. Ел Буша ја раководат млади момци кои не само што имаат огромни познавања за вината туку и со страст си ја вршат работата.  Слободно прашајте ги што да изберете и кое вино со какво мезе би ви препорачале.

М.Б.

 

 

 

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...