Милена Талевска и „Њам Њам“, со многу љубов за најмалите гурмани

За утринското кафе да биде поубаво од било кога, за првото самостојно уживање во храната на вашето најмило да биде исполнето со многу радост и секое залче полно љубов да биде негова најубава игра ете затоа постои „Њам Њам“.

Милена Талевска својата инспирација ја претвора во неодоливи садови со омилените јунаци и анимирани ликови на вашите најмили, како дел од креативниот бренд „Њам Њам“. Нејзината работа е повеќе од уметност.


-Сите садови се рачно изработени, нема калапи и скици се е детаљ по детаљ осмислено со многу внимание, прецизност и многу љубов, ни раскажува Милена.


Креациите покрај тоа што се многу убави од дизајнерски аспект, имаат и практична примена, односно одлични се за стекнување на навика за самостојно јадење на најмалите членови во семејството. Самиот дизајн обезбедува безбедност при ракување и најважното- можност за комплетно декорирање особено на приборот со што ќе се избегне лизгање од рачињата на малечките.


Самите форми и бои ги инспирираат малечките самостојно да почнат да уживаат во нивните здрави и вкусни оброци им овозможуваат уживање во храната дури и онаа која не им е толку омилена.


Сите убавини може да се погледнат на официјалната Фејсбук фан страна на „Њам Њам“ : https://www.facebook.com/dekoriranPribor/

x

Check Also

Нова колекција во Original Marines, нема изненадувања – најдобри се!

Во продавниците на Original Marines пристигна новата колекција. Претпоставувате веќе? Најдобри се. ...