Мили Боби Браун е нов амбасадор на брендот Pandora

Популарната марка за накит Pandora ги здружи силите со ѕвездата од серијата „Stranger Things“, Мили Боби Браун, за кампањата на новата колекција.

Фотографирана од модниот фотограф Кас Бирд, кампањата ќе биде лансирана во октомври, а ќе содржи и краток филм.

Браун, која два пати е номинирана за Еми награди и која е најмлад амбасадор на Уницеф, потпишала двогодишен договор со Pandora.

-Браун е совршен амбасадор на новата генерација накит од Pandora, кој ги охрабрува младите жени да се изразат. Не само што е таа реализиран глумец, и личност која го подига гласот како претставник на една генерација, туку таа внесува младешки и индивидуален пристап кон накитот кој совршено одговара на нашата визија и креативност“, рече Стивен Ферчајлд, креативен директор на брендот.

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...