Мили Боби Браун позира за новата колекција на накит од Pandora

Ѕвездата од серијата “Stranger Things”, 15-годишната Мили Боби Браун, е главно лице во новата рекламна кампања на „Пандора“. Кампањата е насловена Pandora Me.

Pandora лансираше нова колекција на накит наменета за таканаречената Генерација Z, односно генерацијата на млади кои користат Интернет од најраните години и кои се добро снаодливи со технологијата.

Фотографот Кас Брд е зад обкетивот, додека младата глумица позира во тексас јакничка со новите парчиња накит. Колекцијата содржи 55 парчиња – од белегзии до ѓердани, брошеви и обетки. Инаку, Мили Боби Браун е двегодишен амбасадор на „Пандора“. Новиот накит ќе биде во продажба од 3-ти октомври.

x

Check Also

Викторија Бекам виртуелно ја претстави новата колекција, гости на ревијата – само семејството

Меѓу дизајнерите кои виртуелно ги претставија своите колекции за време на модната ...