Милион фунти за Икс-фактор! Рита Ора рече: Не, благодарам!

Не дека не ги почитува парите, но Рита Ора предност им дава секогаш на вредностите.

rita 2

За кусо време стана ѕвезда од А-листата, а не беше така одамна кога ја запознавме, во 2012 година, преку нејзиниот албум Ора. Следуваа и договори за модни рекламни кампањи, зашто набргу на многумина им стана јасно дека со „Ора се мора“, дека таа мора да е присутна.

На нејзината популарност не и одолеа ни Сајмон Кауел, творецот на Икс-фактор, па за следната сезона на британската емисија и понуди да биде дел од жирито за сума од милион фунти. Договор кој не може да се одбие?

Кој вели?! Рита рече „не фала“ на оваа понуда за учество во шоуто кое, еве, станува се популарно и на балканските простори.

Англиската пејачка, по потекло од Косово, вели дека има намера да си се посвети на сопствената кариера и дека не може да си го троши времето (на вакви емисии).

Е па, алал да и е!

Најпосле и ние се согласуваме во едно. Оној што го бива како Рита, која на сцената се проби без „евтини шоу-а“, туку со сопствената оригиналност, има право денес и да пребира. За останатите, секогаш ја има онаа другата алтернатива, да пејат туѓи песни по телевизиски свадби и веселби.

М.Б.

 

 

x

Check Also

Како ја замислувате модата на доцниот 21 век?

Изгледа дека прогресот во модниот свет е побрз од нашите очекувања. Побрз ...