Икона на стилот: Милош Црњански, модернистички патнички поглед од далечното небо

Одбрана на Белград. И…Скопје!  

milos 2

„Во многу градови на Европа луѓето не се толку топли, нерасипани и занесни како во Белград. Толку е топол што другите покрај него делуваат смешно и надмено.Животот толку многу ни се губеше, милите и драгите толку пати се разделуваа, па се е една голема неизвеснот и – Бог. И кочијашот кога ќе се развесели ќе сопре, среде патот, и ќе запее“.

„Никаде на светот не се зборува толку грдо за нас како кај нас. Што е полошо, никаде на светот не се дозволува така, со леснотија, никому друг тоа да го прави како кај нас. Затоа, какви се не ја излеаа својата срдба, мудрост и гнев врз Белград, а колкумина сме кои ја вдишуваме убавината на ова место, која народот, повремено, во видноста на се она што го имаме, и едвај ќе ja наслути“.

милош 1

„Колку стар накит, човечка питомост, премолчени жалости во тие светли одаи со големи прозорци, полни со небо!“.

„Куќа до куќа, женидба до женидба по таткова волја, смрт до смрт по волја на Богa и едни војни. Една фанатична љубов кон државата на која влијаеле сите намери“.

milos 3

„Ќе влезам во снежните вечери на Виена, ќе заталкам во маглата на Лондон, Париз, ќе ја прочитам историјата на Букурешт, ќе слезам до Цариград, нитки и конци,  како пајажина, се ме води кон срцето на Белград- да. Нема град во Европа кој толку бил врзан за сите други и кој толку ги раздвижуваше марионетите на другите како Белград. Историја од сто години. Смена на ликови и сцени, европски, поинтересни, попрефинети во својот состав отколку… Кој тоа не учеше од нашите драги браќа?„

milos glavna

„Белград ја има онаа отменост која се добива од незаслужени навреди“.

(Како и Скопје.)

Избор цитати од Милош Црњански од книгата „Белград, Над Истокот и Западот“. Изборот го направи Бранислав Матиќ.

 

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...