Мини девојка во мини ерата: Твиги

За својата кариера на модел од вкупно четири години успеа од себе да создаде мит и модна икона на 60-те години на 20 век.

tvigi 3

Со својот детски изглед, куса коса и машки пропорции на телото, слаба како „гранче“ (од каде и доаѓа надимакот Твиги) Лесли Хорнби воспотави нови норми за поимот убавина, ги истисна раскошните русокоси девојки и подвлече линија преку која можеа да поминат само супер-слабите убавици. Твиги го означи почетокот на новото време во модниот свет во кое манекенки можат да бидат само оние кои се доволно слаби и на кои карактерот и посебноста им се отцрнува на лицето.

tvigi 2

Манекнската кариера ја почнала случајно, на 16 годиншна возраст, кога ја забележал Нејџел Дејвис кој и’ понудил договор. Нејџел ќе и’ стане момче, ќе ја убеди да се претставува со надимакот Твиги, а и самиот си го сменил своето име во Џастин де Вилнер. На почетокот на 1966 година, прочуениот англиски фризер Леонард барал модели на кои ќе ги презентира новите трендови на коса, па Твиги како една од нив добила многу кратка фризура. Тие фотографии бргу ќе стигнат до уредничката на Дејли експрес која ја ангажира Твиги за новата фотосесија. Истата година е прогласена за Лице на годината.

tvigi kosaМомченцето-жена, пониска од другите модели, со крупни очи, долги трепки и куса коса, со тенки ранце и нозе, молскавично станува симбол на новата ера. Ќе ја прослави мини-сукњата, а само година подоцна ќе лансира и своја линија на Твиги-фустан.

tvigi 5

И додека самата се оправдувала дека телесната тежина е само нејзин природен изглед, девојките ширум светот со месеци изгладнуваа за барем приближно да личат на Твиги.

tvigi 4

Во 1967 година модниот Њујорк ќе ја дочека Твиги со раширени раце. Следуваа насловни страници на престижните списанија и фотосесии пред објективите на најславните фотографи. И кога сите мислеа дека во оваа професија може да ужива со децении, после четиригодишниот вртоглав бум, таа одлучи повеќе да не биде „закачалка за облека“, се раздели од Џастин де Вилнев и му се посвети на филмот. На филмското платно дебитираше во 1971 година, а следуваа неколку наградувани улоги. Во 1977 година се омажи за актерот Мајкл Витни со кого доби ќерка, но среќниот брак беше прекинат од ненадејната смрт на Витни.

tvigi 6

Твиги денес има 72 години, заедно со својот втор сопруг Лиј Лоусен живее спокоен живот во Лондон, понекогаш учествува во различни кампањи, а позната е по борбата против употреба на природното крзно.

Но, светот засекогаш ќе ја помни како „мини девојка во мини ерата”.

С.С

x

Check Also

Розовото палто на Џеки Кенеди

Ни 50 години по смртта на американскиот претседател Џон Кенеди приказните не ...