Мини фустани за вечерни прилики и празнични забави од Манго и од Зара

Популарните модни марки Манго и Зара во своите зимски колекции ни нудат поголем број на мини фустанчиња кои се соодветни за празничната сезона и секоја свечена прилика.

манго

Се разбира, најпосакувани се фустанчињата со светки, а во празничната колекција на Манго има преубави модели во виолетови тонови кои се наши фаворити за свечените декември и јануари.

За трендовски изглед, комбинирајте го мини фустанчето со „каубој“ чизмички (ги има во колекцијата на Манго). Доколку преферирате поелегантен изглед, секогаш се добредојдени црните класични сандали кои може да ги носите со правилен избор на хулахопки.

манго

Сребрената и златната нијанса (некогаш и комбинирани заедно) остануваат популарни и оваа сезона, а тука е и безвремената црна во дизајните на модерните „мали црни фустанчиња“.

зара

Па, сеуште не сте одбрале што ќе облечете за празничната сезона? Повелете инспирација.

 

x

Check Also

Пролет во светло-жолта нијанса со колекцијата на &Other Stories

Еден ден не дели од официјалното пристигнување на пролетта, а модната марка &Other ...